Претрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притвор
1Претрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притвор
3Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра
3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Веб ТВГраѓаните за 2025 година имале пријавен доход од речиси 10 милијарди евра9,95 милијарди евра даночив доход бил пријавен од страна на граѓаните изминатата 2025 година. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притворНа 11.07.2026 во 23:20 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимовo.При преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое К.С го управувал, а М.С. бил сопатник, при што од возилото бил фрлен кокаин. На 12.07.2026 во 07:10 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од НККР Виница, врз основа на наредба од Основен суд Виница, извршиле претрес во домот и простории што ги користеле К.С. и М.С., при што биле пронајдени и одземени кокаин, канабис, дробилка со остатоци од канабис, пушка „валтер“ со калибар 4,5 мм, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Против лицата е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по што се спроведени пред на судија на претходна постапка во Основен суд Кочани, кој им изрекол мерка притвор.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен удар за граѓаните, народот плаќа а на Мицкоски око не му трепнуваНов ценовен удар за граѓаните - горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат.Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари. Сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Луѓето живеат крпен живот. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби. На Мицкоски баш му е гајле, око не му трепнува. СДСМ со месеци предлага конкретни решенија, замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, поддршка за најранливите категории, повисока минимална плата и мерки за заштита на стандардот. Мицкоски и неговата ВМРО одбија се што е во интерес на граѓаните, затоа што не им е грижа за граѓаните, важно им е само како да украдат од народот за да има повеќе за нивните партиски тендери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за играДетското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите.По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа цел на намерно уништување и полевање со моторно масло. Најостро го осудувам овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите. За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото. Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќам силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани. Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца-истакна градоначалничакта Бети Стаменковска Трајковска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter