Граѓаните му помогнале на градоначалникот да ослабне: „Имав 141 килограм, а сега имам 116“ - Канал 5

Граѓаните му помогнале на градоначалникот да ослабне: „Имав 141 килограм, а сега имам 116“

Лучано Фрегонезе, градоначалник италијанскиот град Валдобијадене, во 47. година направил извонредна трансформација. Изгубил 25 килограми затоа што тренирал заедно со жителите.

Граѓаните му помогнале на градоначалникот да ослабне: „Имав 141 килограм, а сега имам 116“

„Веќе изгубив 25 килограми благодарение на жителите. Кога почнав да шетам, имав 141 килограм, а сега имам 116. Сакам да се спуштам под 100 килограми“, рекол градоначалникот.

За два мандати се угоил 40 килограми

По победата на третиот избори, градоначалникот Фрегонезе одлучил да се бори против вишокот килограми, што станало негов проблем по два мандати. Во текот на неколку години се угоил 40 килограми, но решителната промена на начин на живот донела спектакуларни резултати.

Иницијативата на градоначалникот брзо прераснала во движење во целата заедница. Жителите на Валдобијадене се одѕвале на апелот на Фрегонезе, поддржувајќи го во постигнување на неговиот цел.

Секој викенд околу 250 луѓе се собираат за да шетаат по живописните ридови на регионот, кои се гордост на локалното наследство на Унеско, како и на неговите познати лозја.

Италијанските медиуми пренесуваат дека благодарение на оваа промена, Фрегонезе значително го подобрил своето здравје.

„Имав проблеми со дишењето, апнеја во сон. Сето тоа исчезна. Се чувствувам подобро физички и психички. Јас сум поостар. Сето тоа е благодарение на активностите на отворено“, рекол градоначалникот и додал дека претходните обиди за борба против вишокот килограми биле неуспешни, пренесува ЦДМ.

Токму учеството на жителите и нивното дружење во редовните прошетки во ридовите му помогнало да постигне импресивни резултати. Во 40 заеднички походи, само два биле откажани поради лошо време.

Интересно е што на овие здравствени патувања го следат најмногу жени, што градоначалникот коментира со намигување, нагласувајќи дека мажите во овие краеви се мрзеливи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио

Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио, 5 милиони за антимон а Гета чинеше повеќе.

СДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио

Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво.

Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба.

Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови.

Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар.

Ама после изјавата дека тој е институција, што би имал почит кон други институции. Арамија е тоа.

Обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои.

Часовници од шеесет илјади евра. Неиспеглан костим и кошула од десет илјади евра – да ја импресионира американска бирократија.

Еве како нè претставува самопрогласената елита.

Како во кафеана. Додека сопствениот народ го нарекува талог, елитата баш се покажа. На ниво.

Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник.

Знаете ли колку е тоа малку?

За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ - не стигнува ни десет пати повеќе.

Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи.

Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение.

СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува.

Пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија.

За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија.

Се враќа од Америка со пет милиони долари.

Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Делегацијата поскапа од почетокот на дупката.

Ова не е дипломатија, ова е екскурзија.

Ходникот не е кабинет. Грантот не е рудник.

Нема агенда. Нема заедничко соопштение од Стејт Департментот. Нема потпис.

Има ходник и Фејсбук-статус на арамијата Мицкоски - институција, елита.

Тоа не е политика туку режија.

Македонија не се мери со ходник. Се мери со тоа што останува во земјата откако ќе си заминат.

Останува јаловина. И сметка.

Ходникот не е Белата куќа. Фејсбук-статусот не е договор. Македонија не станува посериозна затоа што премиерот здогледал државен секретар. Станува посериозна кога ќе престане да лаже арамијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

 Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата.

Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал.

Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб.

Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо.

Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него.

Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез.

Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико.

На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал.

YouTube video

Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер