Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме за Кочани - Канал 5

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме за Кочани

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме за Кочани

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.

Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес, се упатува повик за присуство на овој настан за оддавање почит на жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани.

- Изразуваме длабока солидарност со луѓето во Кочани, со глобалната македонска заедница и со сите погодени, додека продолжуваме да жалиме за оваа срцепарателна загуба. Оваа трогателна почит, која се оддава на три месеци од несреќата, ќе биде потсетник дека нашето единство и сочувство, дури и преку океаните, остануваат непоколебливи. Искрено му благодариме на градскиот советник Сото - Мартинез од областа 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за нивната солидарност со македонскиот народ, стои во објавата на фб профилот на македонската црква.

Градскиот советник Хуго Сото - Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува зжалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.

- Македонската заедница во Атвотер Вилиџ и пошироко низ Лос Анџелес, иако малубројна, е енергична и длабоко вкоренета уште од 1960-те години. Како град длабоко жалиме за загубените 62 животи во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ и ја изразуваме нашата солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина, напиша на својот фб профил градскиот советник Сото - Мартинез во областа 13.

На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност.

Комплетирани четвртфиналните пресметки на ЕП за фудбалерки

Франција и Англија се последните патници во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во женска конкуренција, кое се одржува во Швајцарија.

Комплетирани четвртфиналните пресметки на ЕП за фудбалерки

Во завршното коло од групата Г, Франција синоќа ја совлада Холандија со 5-2, со пресврт во второто полувреме, откако Холанѓанките имаа предност пи воведните 45 минути од 2-1.

Во вториот натпревар, актуелниот европски шампион Англија го победи Велс со 6-1.

Франција го освои првото место во групата со девет бодови, пред Англија со шест бодови. Холандија остана на три бодови, а Велшанките претрпеа три порази.

Четвртфинални парови се Норвешка – Италија, Шведска – Англија, Шпанија – Швајцарија и Франција – Германија.

Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете

 Во 2024 година, во 118 јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки и центри за ран детски развој, биле згрижени 37 871 дете, покажуваат податоците на Државниот завод за статсистика.

Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете

Во однос на 2023 година, бројот на установи е зголемен за 0.9 %, а бројот на деца за 0.2 %.са/

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

 Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци - 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, покажуваат податоците од CoinMarketCap.

притисни ентер