Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка
2Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка
БалканАлбански ријалити учесник е претепан среде улица во Тирана од толпа млади луѓе (ВИДЕО)Веќе неколку дена на социјалните мрежи кружат видеа од бандитско насилство врз поранешниот учесник во реалното шоу „Запознајте“, Едуард Кучи.На видеото се гледа пејачот Јозефин Марку со неколку други лица. Користејќи полициски знак, тие му сигнализирале на Едуард Кучи да го запре својот Мекларен. Откако тој го запрел автомобилот, го извлекле од возилото и физички го нападнале. Во врска со овој случај, извори блиски до Полициската управа во Тирана потврдија за Топ ченел дека се покренати истражни и процедурални дејствија. Во текот на досегашната истрага, утврдено е дека видеото е снимено во Тирана, во близина на надвозникот Ринас. Запленети се и снимки од безбедносните камери од областа, а се работи и на идентификација на лицата што се појавуваат на видеото. Според најновиот извештај на Топ ченел, полицијата во меѓувреме го привела Јозефин Марку и уште едно лице. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДемант од Сашо Мијалков на наводите на Левица за БарутанаЦелосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста викана Барутана.Не поседувам никаков имот на посочената локација, ниту имам каков било интерес во врска со истата. Тоа се однесува не само на мене, туку и на компаниите кои се во моја сопственост и сопственост на членовите на моето семејство. Овие факти лесно може да се проверат во Централниот регистар и надлежните институции. Споменувањето на моето име во текстот на Призма е надвор од секаков контекст во врска со Барутана и се сведува на наведување на деловни активности од пред десет години кои на никаков начин не се поврзани со актуелниот случај, при што на ваков тенденциозен начин на известување, доведуваат до креирање на погрешна перцепција кај јавноста. Не знам кои се причините за пласирање на вакви невистини и мое инволвирање, но секое изнесување на неточни и непроверени информации кои може да нанесат штета повлекува одговорност. Затоа барам согласно Законот за граѓанска одговорност да биде објавен овој демант и да бидат повлечени лажните информации. Сашо МијалковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаМуцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечкаНа маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP).На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP), организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум. Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, насочена кон развој на современи и флексибилни регулаторни пристапи во услови на забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на предизвиците што брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција, ги поставува пред институциите, регулаторните системи и општествата. Тој нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото. „Можеме да делегираме задачи на машините, но не можеме да ја делегираме одговорноста“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека современата регулатива треба да создава простор за иновации, но и соодветни механизми за заштита, пропорционални на ризиците. Посебен акцент беше ставен на потребата од поголема меѓународна регулаторна соработка, размена на искуства и активно вклучување на помалите држави во обликувањето на глобалните правила и стандарди за новите технологии. Токму меѓународната соработка и развојот на практични, приспособливи регулаторни решенија се меѓу клучните цели на GRIP. Осврнувајќи се на нашата држава, министерот истакна дека дигиталната трансформација претставува конкретна можност за зголемување на конкурентноста на домашните компании, отворање нови перспективи за младите и обезбедување поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги од институциите. Во таа насока, Муцунски повика на развој на конкретни регулаторни пилот-проекти, споделување успешни практики и создавање решенија што ќе бидат достапни и применливи за држави со различни институционални капацитети и ресурси. „Интелигентната ера ќе го тестира квалитетот на нашето расудување исто колку и моќта на технологијата. Потребна ни е храброст да иновираме и мудрост да го зачуваме она што му дава смисла на напредокот“, порача министерот Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
БалканГори брод кај Миконос- во тек е голема акција за спасување (ВИДЕО)Пожар избувнал на товарниот брод „Blue Carrier 2“ додека пловел северно од Миконос во петок наутро.На бродот имало вкупно 29 лица - 28 членови на екипажот и еден патник, објавува порталот Protothema.gr.. Сите биле безбедно евакуирани, а кратко по 11:20 часот биле качени на брод на грчката крајбрежна стража кој ги транспортира до островот Тинос. Φωτιά ξεσπασε σε φορτηγό πλοίο βόρεια της Μυκόνου, ευτυχώς οι 29 επιβαίνοντες ειναι καλά στην υγεία τους και μεταφέρθηκαν στην Τήνο… https://t.co/yxfwAfnzFi — Νικόλας Κάιζερ (@nickaizer1) September 25, 2026 Според последните информации, пожарот избувнал на камион кој се наоѓал во гаражата број 4 на бродот. Четири патролни чамци на крајбрежната стража, еден патролен чамец, два глисери на противпожарната служба, еден противпожарен чамец, два реморкери, како и други пловила и бродови што се нашле во близина интервенираат на местото на настанот. Екипа од Единицата за подводни мисии е исто така испратена во акција за да помогне во операцијата. Во областа дуваат северен ветер со јачина од четири бофорт. Сите 29 лица на товарниот брод безбедно пристигнале на Тинос. „Blue Carrier 2“ е товарен брод Ро-Ро под грчко знаме, изграден во 1997 година. Долг е приближно 162,5 метри и има бруто тонажа од 23.986. Πάλι καλά, εκκενώθηκε το φορτηγό-οχηματαγωγό πλοίο BLUE CARRIER 2, στο οποίο εκδηλώθηκε πυρκαγιά το πρωί της Παρασκευής ενώ έπλεε στη θαλάσσια περιοχή βόρεια της Μυκόνου. Οι ανθρώπινες ζωές είναι πρωταρχικής σημασίας. https://t.co/UYgiDb8rS0 — Karagioros Gerasimos (@GKaragioros) September 25, 2026 Соопштение на компанијата Компанијата „Атика Ферис“ објави дека пожарот избувнал во петок, 25 септември 2026 година, во 8:57 часот наутро, додека бродот „Blue Carrier 2“ пловел во морето северно од Миконос, по својата редовна рута. Веднаш по избувнувањето на пожарот, биле активирани пропишаните безбедносни процедури, а екипажот започнал со гаснење со свои средства. Надлежните органи веднаш биле известени за настанот. Евакуацијата на бродот била извршена на организиран начин и во согласност со безбедносните процедури, а сите 29 лица на бродот безбедно го напуштиле бродот. Компанијата во последователно соопштение изјавила дека ангажирала специјализирани компании кои, во соработка со надлежните институции, ќе преземат сите потребни мерки во врска со заштитата на животната средина и управувањето со ситуацијата на бродот.Тагови: Миконос брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook