МакедонијаГрадоначалникот на Кочани, Илијев за Канал 5: Огнените јазици се високи 10 метриГрадоначалникот на Кочани, Николчо Илијев за канал 5 изјави дека силниот пожар се наближува до куќите и дека веќе зафатил склад со дрва, од каде што се проширил кон семејните куќи.Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади. Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско маало. Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев за Канал 5 вели дека ситуацијата е драматична и дека пожарот веќе зафатил неколку куќи, а се заканува да се префрли и на другата страна од градот... Илијев вели дека пламените јазици биле високи 10 метри и дека има опасност од ширење на пожарот поради силниот ветар, кој ја оневезможува интервенцијата на пожарникарите . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
СветПутин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече претстојните избори за Државната дума исклучително важни, пренесува РИА Новости.Путин одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, каде што разговараа за мерките за јавна безбедност во подготовка за Денот на обединувањето на државата. Путин им посака среќа на кандидатите на изборите во 2026 година. „Парламентарните избори ќе се одржат во септември. Тоа е најважниот внатрешно-политички настан во земјата“, рече Путин. Путин, исто така, истакна дека безбедноста за време на изборите ќе биде зајакната, објавува Russia Today (RT). „Изборите ќе се одржат во септември, парламентарни избори, избори за Државната дума. Многу важен настан. Ќе разговараме за дополнителни мерки, мора да ја обезбедиме јавната безбедност“, рече рускиот претседател. Изборите за Државната Дума се очекува да се одржат на 20 септември. Претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, истакна дека, врз основа на барањата на гласачите, Единствениот ден за гласање во 2026 година би можел да трае три дена. Вкупно, во овој период, ќе се одржат повеќе од 2.200 кампањи на различни нивоа, а се очекува да бидат пополнети 20.700 пратенички места и изборни позиции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАБаркли ги навреди Спарс: „Најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“ Легендата на НБА, олимпискиот шампион од Барселона, Чарлс Баркли, ги нападна Сан Антонио Спарс откако ја изгубија предноста од 29 поени во четвртиот натпревар од големото финале против Њујорк.Спарсите го имаа тоа водство во третата четвртина од натпреварот против Никсите во Њујорк, но сепак беа поразени со 107:106. Сега Никсите водат во серијата со 3-1 и имаат три „меч-топки“ за шампионската титула, први по 53 години. Баркли ги нарече Спарси „најглупавиот кошаркарски тим во историјата на цивилизацијата“ по натпреварот. Сан Антонио имаше целосна контрола во поголемиот дел од натпреварот. Во еден момент, Спарс водеа со 71:42, а на почетокот на последната четвртина имаа повеќе од 20 поени предност. Херој на Никс беше Ануноби, кој го искористи промашувањето на Џејлен Брансон на малку повеќе од една секунда до крајот и го постигна решавачкиот кош за победата. Неговиот гол предизвика ерупција од возбуда во распродадениот „Медисон Сквер Гарден“ и го одведе Њујорк на еден чекор од првата титула во НБА од 1973 година. Овој триумф на „Никс“ го надмина познатиот пресврт на Бостон против „Лејкерс“ во 2008 година, кога „Селтикс“ ја надминаа негативата од 24 поени, и до овој натпревар беше најголемиот камбек во историјата на финалето на НБА. Петтиот натпревар од финалето е закажан за Сан Антонио во недела наутро во 2:30 часот.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е игнориран, Гаши да закаже надзорна расправаОд пратеничката група на СДСМ обвинуваат дека власта не го спроведува законот за употреба на македонскиот јазик и побара од претседателот спикерот Гаши да овозможи одржување надзорна расправа за неговата примена. Велат дека власта години нема имплементирано ниту една одредба од законот и покрај алармирањата на опозицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook