МакедонијаГрадоначалникот Јанков назначи в.д. директори на „Комуналец“ и „Паркиралишта“ Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков денеска објави на неговиот фејсбук профил дека ги назначил Кире Синдраковски за в.д. директор на ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Александар Петровски на ЈП „Паркиралишта Струмица“.-И двајцата ги познавам како чесни и енергични луѓе кои доаѓат од приватниот сектор каде успешно работат повеќе години. Се надевам и побарав од нив лично да го вложат својот целокупен човечки, професионален потенцијал и заедно со кадрите во претпријатијата и граѓаните да направиме промени во работата и услугите на овие претпријатија, напиша струмичкиот градоначалник. Инаку, Синдраковски е член на Советот на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и по назначувањето за директор на комуналното претпријатие неговото место во Советот ќе го преземе наредниот од листата.Тагови: Општина Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28 Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,1 степен, што ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, достигна 28, соопшти денеска портпарол на јапонската влада.„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест лица биле без свест и не покажувале витални знаци. Меѓу жртвите, пет лица се наоѓале во трговскиот центар „Еон“ во Кашима, кој претрпе експлозија по земјотресот, а осум биле во фабриката на „Нипон пејпер индустрис“ во Јацуширо, каде што неколку оџаци претрпеле сериозни оштетувања. Железничката линија „Кјушу Шинкансен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо сè уште не е во функција, бидејќи операторот врши проценка на штетите. Заклучно со среда навечер, илјадници домаќинства биле без струја или вода, што предизвикало загриженост за состојбата на евакуираните лица. Според податоците од утринава, повеќе од 10.000 луѓе престојуваат во центри за евакуација, соопштија властите на префектурата Кумамото. Префектурата Кумамото беше погодена и од разорен земјотрес во 2016 година, кога загинаа најмалку 50 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациентиВо јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информира преку соопштение министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци: Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција; 11 јуни - авионска дезинсекција; 26 јуни - теренска дезинсекција; 10 јули - авионска дезинсекција; 23 јули - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција; 13 и 15 јули - теренска дезинсекција. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните. https://www.facebook.com/reel/2110716592811003Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook