Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со фудбалските клубови од Драчево

За подобри резултати во спортот, неопходни се вложувања во развојот на спортот и спортската инфраструктутра, е заклучокот од средбата на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево.

Тие ги презентирале своите планови, потреби, но и очекувањата кои ги имаат од ФК „ССК", ФК „Партизан Фудбал Кидс" и ФК „Драчево Јуниор" во претстојниот период.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, како што соопштија од локалната самоуправа, им дал уверување дека фудбалските клубови ќе ја имаат поддршката од Oпштината и оти активно ќе се работи во обезбедување на потребните услови.

– Наша обврска како локална самоуправа, но пред се', желба, е да инвестираме во развој и етаблирање на спортот во општината. При средбата со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево, сакав да ја видам целосната слика, во прво лице да слушнам што им е потребно, да се информирам за нивните барања и цели. Ги уверив дека можат да сметаат на мојата поддршка како градоначалник и дека во периодот што следува Општина Кисела Вода активно ќе работи на унапредување на спортската инфраструктура, на реновирање и одржување на фудбалските терени, на обезбедување финансика поддршка на клубовите со цел да се овозможи нивно непречено, континуирано работење, рекол Ѓорѓиевски..

На средбата, градоначалникот Ѓорѓиевски нагласил дека спортот е основа за здрав живот и психо-физички развој кај младите лица, па затоа смета дека инвестирањето во неговиот развој и омасовување е неопходност и ќе биде негов врвен приоритет. /МИА

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер