Градоначалникот Беџети со обвинувања за пратеникот Зекири, тој врати со предлог за наркотестирање

Вчерашниот ден донесе уште една дебата но овојпат надвор од некое ТВ студио.

При гостувањето на ТВ21, екс министерот за правда од ДУИ, денес актуелен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, изнесе серија обвинувања на адреса на Мухамед Зекири од СДСМ.

Беџети отвори дилема дали Зекири како новинар побарал пари од поранешниот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај? Истовремено праша дали возилото на Зекири и лично тој е дел од една илегална група за криумчарење на мигранти?

На овие прозивки брзо реагираше Зекири кој ги отфрли клеветите на Беџети преку пост на својот FB профил, во кој уште додаде:

„Доколку би докажал само една од серијата клевети што ги искажал на моја адреса градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети во неговото синоќешно (25.11.2019) гостување на ТВ21, јас Мухамед Зеќири јавно изјавувам дека ќе се повлечам од политичкиот живот и подготвен сум да сносам целосна морална и кривична одговорност!!!

Неговите тврдења за моја наводна инволвираност во трговија со мигранти и други изнесени невистини и клевети ќе мора да ги докажува на суд, па макар предметот се паднал кај некој од судиите кои се именувани, или произлегле од тефтерчето на Гордана, Сашо Мијалков, Муса Џафери и лично од Блерим Беџети“

На крај во својот одговор до Беџети, Зекири го предизвика градоначалникот на Сарај, и двајцата да направат нарко-тест зашто „многумина негови познаници тврдат дека е нарко-зависник“.

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми.

Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција.

Како што се наведува, лекарскиот тим одлучил да изврши лекарски прегледи за да се утврди здравствената состојба на саудискиот крал, но не се соопштуваат детали. Саудискиот монарх беше примен во болница на лекарски прегледи во април, а подоцна беше отпуштен.

Тој е на власт од 2015 година, но се верува дека неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман е задолжен за секојдневните државни работи./МИА

Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.

Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Дваесет лица загинаа во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Дваесет лица загинаа пред да зазори во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, уништен за време на војната, соопштија од болницата Ал Акса и потврдија очевидци.

„Примивме 20 убиени луѓе и неколку ранети откако израелски воздушен напад беше насочен кон куќа на семејството Хасан во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа“, се вели во соопштението на болницата.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции.

Очевидци велат дека се слушнале експлозии и дека борбите во Џабалија траеле цела ноќ./МИА

притисни ентер