Градоначалничката на Париз заплива во Сена, за да докаже дека е чиста пред Олимпијадата (ВИДЕО)

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, конечно го исполни ветувањето и утрово се капеше во Сена, девет дена пред почетокот на Олимписките игри.

Облечена во костум за нуркање, Идалго се нурна во реката во близина на Градското собрание, нејзината канцеларија и катедралата Нотр Дам.

Таа беше придружувана од претседателот на Комитетот на Олимписките игри, Тони Естангена и префектот на Ил-д-Франс, Марк Гијом.

„Ова е среќа. Сонувавме за ова со години, работевме многу, многу напорно, водата е многу добра, малку студена, но не толку многу“, рече таа, додавајќи дека реката е доволно чиста за да биде домаќин на натпреварите во пливање на отворено за време на Олимписките игри во 2024 година и церемонијата на отворање за девет дена, објави Паризиен.

Според неа, Олимписките игри биле мотор и педал за гас, но Французите мора да ги приспособат своите градови на климата и да најдат река.

Нејзиниот потег е дел од напорите да покаже дека чистотата на Сена е подобрена пред Летните игри, кои ќе започнат на 26 јули со раскошна церемонија на отворено, која вклучува парада на спортисти на чамци на Сена.

Од 2015 година, организаторите инвестираа многу, 1,5 милијарди долари, за да ја подготват Сена за Олимпијадата и да обезбедат парижаните да имаат почиста река во годините по Игрите.

Планот вклучуваше изградба на огромен подземен базен за складирање на вода во центарот на Париз, реновирање на канализационата инфраструктура и надградба на пречистителната станица за отпадни води.

И покрај постојаните ветувања на политичарите, пливањето во Сена е забрането повеќе од еден век.

Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција, даде слично ветување во 1988 година кога беше градоначалник на Париз, но тоа никогаш не беше исполнето.

Ширак, кој во тоа време водеше кампања за трет мандат, вети дека ќе ја исчисти реката таа година како дел од неговата програма „Чиста Сена“.

Идниот претседател на Републиката тогаш сметаше на период од пет години за чистење на реката, не ни помислувајќи дека всушност ќе бидат потребни 36 години за да се спроведе.

Идалго тргна по стапките на француската министерка за спорт Амелија Оудо-Кастер, која во саботата пливаше во Сена во нуркачко одело.

Сена ќе биде домаќин на неколку пливачки настани на отворени води за време на игрите, вклучително и олимпиското маратонско пливање и пливачките етапи на олимпискиот и параолимпискиот триатлон.

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци.

Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

- Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати, истакнал министерот Андоновски.

Нова опрема во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја посети детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во детската градинка во текот на минатата годината направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за дечињата и вработените со цел обезбедување соодветни услови за престој во оваа установа. За таа цел, обезбедена е опрема за потреба на јаслените групи (слики од шкафовите, занималните, малата кујна), извршено преградување на салата за свечености со ПВЦ врати и промена на врати од занимални. Исто така обезбедени се дидактички материјали и играчки за децата од двата објекта, набавена е нова опрема со која ќе се обезбеди уште подобра исхрана за децата од градинката и целодневниот престој.

Дополнително градоначалникот истакна дека е изготвен Основен проект за доградба на централниот објект со нова кујна со бруто површина од 147м2 која ќе има капацитет за подготовка на 800 оброка, а делот во кој сега е сместена постоечката кујна ќе биде реконструиран и адаптиран во занимални за деца.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема во детската градинка и училишта на нејзина територија, затоа што гризата за децата и образованието се една од најважните алки во општеството.

Општина Илинден

Писториус: Русија ќе остане закана за европската безбедност, и ако се постигне мир во Украина

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите.

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Писториус нагласи дека затоа е неопходно членките на НАТО повеќе и побрзо да инвестираат во својата одбрана и безбедност.

притисни ентер