Градинките за домашни миленици реална потреба во време кога секој брза некаде - Канал 5

Градинките за домашни миленици реална потреба во време кога секој брза некаде

Популацијата на кучиња, особено на салонските раси, е неколкукратно зголемена во Скопје за само неколку години.

Градинките за домашни миленици реална потреба во време кога секој брза некаде

Се почесто се сретнуваат малтезери, бишони, шицу, јоркширски териер, западношкотски териер, померанци, златни ретривери….Чувањето на овие раси на кучиња и работните обврски на сопствениците несомнено ја наметнаа потребата од отворање на специјализирани фризерски салони, но и градинки каде милениците можат да се остават на чување во текот на денот.

Бенефитот е тоа што кучињата не остануваат сами дома и не прават неред изразувајќи го така револтот бидејќи се оставени сами, туку се дружат со останатите кучиња и на тој начин се социјализираат.

– Кучињата се социјални животни за кои интеракциите со другите се исто важни како и за човекот. Во градинките, кучињата избегнуваат депресија од самотија и агресивно посесивно однесување бидејќи се секојдневно во друштво со други кучиња од блиски раси и се негувани од страна на стручни лица кои константно го следат нивниот психо-физички развој. Преку игра работиме со кучињата и делумно со сопствениците на континуиран напредок во поглед на однесувањето и созревањето на кучето кое ќе добие едукација за недеструктивно однесување, хигиенски навики, социјализација со други кучиња, животни и секако луѓе, во тотално безбеден и пријатен кадар, вели Илија Петковски, сопственик на едукативна градинка за кучиња и на салон за домашни миленици.

Искуството за работа со миленици, Петковски го има стекнато во Франција и по неговото враќање во земјава се обидува искуствата од таму, да ги пренесе во сопствената држава. Така, салонот за шишање е опремен со специјална СПА када, која не само што служи за опуштање на кучето, туку и за физикална терапија доколку кутрето е повредено.

Во разговор за МИА, Петковски вели дека градинките за домашни миленици веќе стануваат реална потреба бидејќи сопствениците немаат каде да ги остават додека се на работа или имаат други обврски во текот на денот.

– Денешната конфигурација на чување на куче е темелно поразлична од онаа која ја знаевме до пред само неколку години. За разлика од традиционалната асоцијација помеѓу двор, ланец и куче кое илустираше наменска потреба од безбедност, денес правиме сосема поинаква и потемелна асоцијација помеѓу дете и куче, осаменост и куче, мода и куче или накратко љубов и куче. Таа љубов може да се претвори во омраза посебно при првите месеци кога кучето си го пронаоѓа местото во семејната глутница, ние не му посветуваме доволно внимание и немаме прилагоден пристап па тоа чеша заби од чевли, ѕидови, врати, мебел и глуждови. Во тој период, соседите се под притисок на завивање и квичење. Тогаш кучето врши нужда на сосема неприлагодени места во нашиот дом кој сфаќаме дека е сосема небезбеден за него во наше отсуство па голем број труења се случуваат токму дома. Во тие моменти гледаме дека сме во недостиг на авторитет и време за создавање на најважните навики за остатокот од животот : секојдневно чешлање, лична хигиена, социјализација со други кучиња и луѓе, културно однесување на јавни места, појаснува Петковски.

За правилен развој на кучето најважна е првата година. Во првите осум месеци се создава карактерот на кучето и тој си го наоѓа своето место во семејството.

– Градинката за кучиња „ТУТУ" денес е единствено место во Скопје каде кучето на било која возраст може да добие секојдневна нега на крзното со професионално секојдневно чешлање, нега на кожата со најдобрата француска органска козметика, одржување на хигиената на ноктите, ушите, очите и во исто време едукација, социјализација, култура на однесување на јавни места и поднесување на осаменоста без негативни последици. Целта е да се ублажи отсуството на сопствениците преку професионална придружба и психо физичка подршка на кучињата, вели Петковски.

Сепак, негова препорака е домашниот миленик да ги помине попладнето и ноќта заедно со семејството заради, како што вели, зачувување на рамнотежата и навиките.

Концептот на градинката е таков што освен згрижување и социјализација, нуди и третман на влакното на кучето, па така сопственикот го зема домашниот миленик комплетно среден.

Со цел да се создаде вистинска интеракција меѓу сопственикот и домашниот миленик, идејата на Петковски е во иднина да организира и обуки за сопствениците за тоа како правилно да го чешлаат своето куче и со кои помагала, како да го негуваат влакното на кучето, како да му дадат таблета, да ги разберат пораките кои ни ги испраќа кучето, да научат како правилно да аплицираат ампула или како да се однесуваат при напад од други кучиња, како да се препознае присуство на внатрешни и надворешни паразити… толку многу теми на различни атељеа во текот на целата година.

Домашните миленици, вели Петковски, заслужуваат екслузивен третман и затоа мотото на целиот тим, кој работи во градинката и во салонот за шишање е „Благи француски методи преку игра без употреба на агресија".

Во салонот за шишање, домашниот миленик не се меша со други кучиња, а дозволено е и присуство на сопственикот бидејќи во стресни моменти како што се капењето и шишањето, кучето наоѓа утеха и подршка во дланката на својот сопственик.

– Третманот генерално трае како и во европските салони околу еден час, колку што е и трпението на кучето, посебно кога е младо. Кучето е нашиот најдобар пријател на кого нашето присуство му носи рамнотежа, смирување и хармонија. Во стресни моменти како што се капењето во недомашни услови, фенирањето и самиот чин на мирно стоење при шишање, кучето посебно кога е младо си наоѓа утеха, охрабрување и подршка во погледот и дланката на својот сопственик. ТУТУ салоните во своите приоритети при шишањето на прво место ја ставаат благосостојбата на кучето преку пријателските методи во соработка со сопственикот без насилство (физичко, психичко или хемиско со седација). Во ТУТУ не постои со сила-убавина и сме подржувачи на движењето PETA : no excuse for animal abuse, појаснува Петковски.

На идните сопственици им порачува пред да се одлучат да чуваат куче, да се потпрат на професионален и објективен совет од одгледувачниците, стационарите, ветеринарниот доктор, продавачот во Пет шоп, дресерот, вработениот во пансион или фризерот..

– Наједноставен разговор со целото семејство и со блиски кои живеат со куче ќе Ви помогне да го направите вистинскиот избор каква раса на куче да купите или пак да посвоите љубов и спасите живот, советува Петковски.

Смета дека генерално се уште недостига висока култура за чување на куче, но дека сепак се бележат позитивни промени како во поглед на заинтересираноста и грижата на сопствениците, така и во поглед на понудата, квалитетот и професионалноста што ја нудат ветеринарните амбуланти, пет шоповите и фризерските салони чиј број е дуплиран за помалку од две години.

– Сите овие нови позитивни трендови во сферите поврзани со домашните миленици ќе придонесат за создавање на критичната маса која сега ни недостига и ќе помогне да се влијае кон добивање на квалитет во чувањето и грижата на домашните миленици а преку тоа и можеби во односот помеѓу самите луѓе, нагласува Петковски, во чиј фризерски салон по примерот на Париз веќе домашните миленици се шишаат на излог./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс.

Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо.

Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон!

Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер