Град Скопје: Започнуваат завршните подготовки за изградба на новиот булевар „Македонско-Косовска бригада“ - Канал 5

Град Скопје: Започнуваат завршните подготовки за изградба на новиот булевар „Македонско-Косовска бригада“

Денес, градоначалникот на Град Скопје, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во завршните подготвителни активности пред почетокот на градежните работи.

Град Скопје: Започнуваат завршните подготовки за изградба на новиот булевар „Македонско-Косовска бригада“

Градот Скопје ги привршува подготвителните активности пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“, значаен инфраструктурен проект со кој ќе се унапреди сообраќајната поврзаност, безбедноста и урбаната функционалност во овој дел од градот.

Денес, градоначалникот на Град Скопје, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во завршните подготвителни активности пред почетокот на градежните работи.

Во првата фаза од проектот, булеварот „Македонско-косовска бригада“ ќе се гради на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.

Новиот булевар ќе претставува современо и функционално сообраќајно решение, кое ќе опфати: четири сообраќајни ленти, по две во секоја насока; средишно зелено појасно; велосипедски патеки во двата правци; нови и уредени тротоари; нова атмосферска канализација; современо улично осветлување; заштитно зеленило од двете страни на булеварот; посебни проширувања кај автобуските стојалишта.

Со реализацијата на проектот ќе се создадат услови за побезбедно, поефикасно и непречено одвивање на сообраќајот, како и подобра мобилност за сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на јавниот превоз.

„Изградбата на новиот булевар ‘Македонско-косовска бригада’ е уште еден чекор кон создавање модерна, безбедна и функционална инфраструктура за скопјани. Нашата цел е Скопје да се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија, со инвестиции што носат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна градоначалникот на Град Скопје.

Со изградбата на булеварот ќе се трансформира постојниот простор во нов, современ и организиран урбан коридор, со подобрена сообраќајна инфраструктура, повеќе услови за одржлива мобилност и поголема безбедност.

Градот Скопје продолжува со реализација на капитални инфраструктурни проекти во сите општини, со цел создавање подобри услови за живот и поквалитетна инфраструктура за секој граѓанин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Четиринаесетгодишниот Махмут Ишилдак почина откако беше електрифициран за време на силниот пороен дожд во населбата Фатих во Истанбул.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Момчето било хафиз, што значи дека го знаеше целиот Куран напамет, а неговиот татко, кој работеше како верски учител, почина само шест месеци претходно.

Трагедијата се случи вчера вечерта, пред паркинг во населбата Чукур Бостан во населбата Фатих во Истанбул.

Според достапните информации, Махмут ги соблекол чевлите за време на поројниот дожд за да не се намокри. Во таа прилика, тој стапнал на кабли што биле на земја, по што бил електрифициран.

Момчето беше итно префрлено во болница со сериозни повреди, но лекарите, и покрај нивните напори, можеа само да го прогласат за мртов.

По трагедијата, се дозна дека Махмут имал пет браќа и сестри, а дека неговиот татко, верски учител, починал шест месеци претходно.

Особено трогателен детал е тоа што четиринаесетгодишникот бил хафиз, лице кое го научило напамет целиот Куран. Според неговите роднини, Махмут ќе биде погребан во градот Дизенгоф, Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка, бидејќи насилните протести предводени од студентите влегоа во третиот ден.

Еди Рама се огласи прв пат од почетокот на насилните протести во Албанија: Нема да поднесам оставка (ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои кршеа прозорци и уништуваа имот во Тирана, што го натера парламентот да ја откаже седницата.

Студентите протестираат против зголемувањето на трошоците за образование и корупцијата, а оставката на Рама е меѓу нивните барања.

„Кога станува збор за повици за моја оставка, владите се менуваат на демократски избори. Минатата година имавме избори, а не револуција“, рече Рама во писмените одговори на прашањата од Ројтерс.

„Мојата одговорност е да ги слушам граѓаните, да одговорам на легитимните загрижености и да продолжам да ја водам Албанија напред. Алтернативата би била да ги предадам Албанците кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европската Унија“, додаде премиерот.

Рама е подготвен за разговор

Протестите претставуваат најголем предизвик за Рама досега, откако минатата година освои четврти последователен мандат, а членството на Албанија во Европската Унија беше клучно предизборно ветување.

Рама рече дека е подготвен да зборува за зголемувањето на трошоците за образование, но нагласи дека насилството не е начин да се изразат барањата на студентите.

„Нападите врз институциите, уништувањето на јавниот имот и заканите за јавната безбедност немаат никаква врска со легитимните барања на студентите“, рече албанскиот премиер.

Протестите следеа по месеци претежно мирни демонстрации предизвикани од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот се соочи со правни предизвици.

Селаните изјавија за Ројтерс во јули дека нивното земјиште е нелегално продадено за да се направи простор за проектот. Но, Ројтерс не пронајде докази за злоупотреба од страна на Кушнер, кој не е директно вклучен во спорот меѓу селаните.

Улиците на Тирана беа преполни со остатоци од запалени контејнери, скршени автобуски станици и уништени семафори.

Во среда, десетици илјади студенти излегоа на улиците на Тирана, запалувајќи владина зграда и две банки и фрлајќи камења кон полицијата.

Организаторите на студентските протести како причина ги наведоа лошите услови на универзитетите, високата цена на високото образование, недостатокот на финансиска поддршка и неизвесните изгледи за работа по дипломирањето.

Албанија се стреми кон членство во ЕУ до 2028 година.

„Корупцијата мора да се запре и, како што самата ЕУ неодамна потврди, Албанија се бори против неа повеќе од кога било досега. Можеби има сили дома и во странство кои не сакаат Албанија да успее како лидер во процесот на пристапување кон ЕУ. Но, нема да дозволам насилството да ја одвлече Албанија од нејзиниот европски пат“, рече Рама.

Албанија, заедно со Црна Гора, моментално е меѓу водечките земји на Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската Унија и се надева дека ќе стане членка веќе во 2028 година.

Но, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а политичките аналитичари велат дека земјата станала центар за банди кои сакаат да перат пари од трговија со дрога и оружје, што дополнително ги комплицира нејзините напори за пристапување кон блокот од 27 земји-членки.

Немирите во Албанија се дел од поширок бран студентски активизам во Европа.

Во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели, барајќи повеќе наставници и подобри услови за работа. Тие предупредуваат дека дотраените училишни згради и преполните училници го поткопуваат квалитетот на образованието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година

Министерот за надворешни работи и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ разговарале за можностите за директна авиолинија Дубаи-Скопје.

Муцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ Хамад Обаидала разговарале за можностите што директната авиолинија Дубаи-Скопје ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји

Од март идната година, авиокомпанијата „Флајдубаи“ ќе воспостави директна линија од Дубаи до Скопје, со три лета неделно. Ова било официјално потврдено на средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја остварил со главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, за време на работната посета на Обединетите Арапски Емирати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер