Град Скопје вчера го организира вториот концерт на отворено во време на корона – денес четири нови изведби

Музичката група EYE CUE вчеравечер одржа едночасовен концерт како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници. 

Целиот концерт може да го погледнете на следниот линк - https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/259432262124453/?t=0

За денес се планирани четири нови изведби на различни локации во Скопје, почнувајќи во 12.00 часот со Христина Зафировска (видео - визуелни уметности), потоа во 17.00 часот во Топанско Поле ќе настапи Артан Кастрати, веднаш потоа во 18.00 часот ќе следи настапот на групата Funk Shui кај Млечен, а вечерниот концерт ќе биде во изведба на Musaiq со почеток во 20.00 частот повторно кај Млечен.

Сите настапи ќе биде стримувани на:

- фејсбук страницата на Град Скопје

https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

- Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, се наведува во соопштението од Град Скопје.

7-месечно бебе починало по операција во болница во Охрид, дома паднало од импровизиран кревет

Пад од импровизиран кревет бил кобен за седум месечно бебе од Вевчани.

Бебето, според пријавеното било примено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 16 часот, со хематом на главата и со констатирано мозочно крварење. И покрај извршената операција, бебето починало. Неврохирургот Мичун Мичуновиќ, од болницата Св. Еразмо , кратко, во телефонски разговор рече дека лекарите дале се од себе да го спасат животот на седум месечното бебе.

Од СВР Охрид велат дека се работи на расветлување на случајот.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

- Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката,- - Јавно обвинителство.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

притисни ентер