Град Скопје: Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење - Канал 5

Град Скопје: Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење

Градот Скопје ги заврши реконструкциите во рекордно време.

Град Скопје: Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење

Екипите на Град Скопје во рекордно време ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале. Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Со нанесување на завршниот асфалтен слој на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, екипите на Град Скопје, ја завршија реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа и изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување. Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година.

Во текот на денешниот ден ќе биде завршена реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Нова железничка Станица и тоа на потегот од к-ца со булевар Кузман Јосифовски Питу до к-ца со бул. 3-та Македонска Бригада, со што целосно ќе бидат завршени три скопски сообраќајници. Долж улицата освен реконструкцијата на асфалтот од коловозот во должина од 510 метри, реконструирани се и тротоарите, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници.

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на три општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од бул. Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер