МакедонијаГрад Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздухИзречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, како и уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, градот Скопје ги издава следниве препораки: - Сите јавни установи на подрачјето на градот Скопје да извршат итна проверка на исправноста и ефикасноста на грејните тела, климатизациските системи и останатите уреди за загревање; - ЈП „Комунална хигиена“ да спроведува зачестено чистење и миење на коловозните површини во надлежност на град Скопје, а општините да постапат аналогно за улиците во нивна надлежност; - Се препорачува граѓаните, во периоди кога надворешната температура е над 0*C, доколку имаат техничка можност, да користат климатизациски уреди и инвертер-системи, наместо индивидуални ложишта на цврсти или течни горива; - Инсталациите во кои се врши согорување на енергенси да се користат во согласност со европските еколошки стандарди; - Сопствениците и корисниците на објекти (правни и физички лица) да извршат проверка на исправноста на уредите за загревање, а при идни инвестиции да предвидуваат технологии со пониско ниво на емисии; - Да се применува користење на јавниот превоз, да се избегнува користење на патнички возила без оправдана потреба и да се применува принципот на заедничко користење на возилата (car sharing); - Институциите и правните субјекти, колку што е можно, да го ограничат користењето на службени возила, а при идни набавки да се предвиди користење на електрични, хибридни, односно возила кои како гориво користат енергенс со кој максимално се редуцира емисијата на полутанти во амбиенталниот воздух; - Градежната механизација да го избегнува движењето во периодите на сообраќаен метеж, од 7:30 до 8:30 часот и од 15:30 до 17:00 часот. Препораки и мерки за заштита на населението: - Се препорачува ограничување на престојот на отворен простор, особено кај чувствителните категории на население; - Да се избегнуваат спортски настани на отворено; - Средните училишта под надлежност на градот Скопје да извршат проверка на состојбата и функционалноста на прочистувачите на воздух; - Општините на подрачјето на град Скопје да спроведат проверка на прочистувачите на воздух во детските градинки во нивна надлежност. Надзор над инсталациите и теренските контроли во населените места: - Зајакнати инспекциски надзори на инсталации кои поседуваат Б интегрирани еколошки дозволи и одобрени елаборати за животна средина; - Зајакнати инспекциски надзори над градилиштата со цел заштита од создавање прашина од градежната механизација и градилиштата; - Зајакнати контроли во однос на создавање диви депонии и спалувања на отворен простор; - Контрола на одобренијата за дотур на роба кои ќе важат во периодот од 18:00 до 7:30 часот наредниот ден, согласно одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје; - Вонредни контроли на техничката исправност на возилата во однос на зголемени емисии на штетни гасови во соработка со надлежното министерство; - Контрола на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, со насока да се користи обиколницата во соработка со надлежното министерство. Дополнително, градот Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење. Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина. Градот Скопје исто така апелира до граѓаните да не се користат огномети и пиротехника за време на претстојните празници со цел заштита на здравјето на граѓаните, животната средина, како и безбедноста на луѓето и животните. Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter