Град Скопје: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас" и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег. 

Досега се исчистени деловите од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас". Активностите се одвиваат од двете страни од кејот, исто така исчистен е просторот од мостот „Обединети Нации" до Железниот мост во Влае, како и делот кај „Желениот мост" до објектот на ТВ Канал 5.

Во наредниот период продолжува интензивното сечење на обраснатата вегетација на кејот на реката Вардар, согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година.

Град Скопје

Украина до Турција: Задржете го рускиот брод со нашето украдено жито и уапсете го екипажот

Украина вчера побара од Турција да го заплени товарниот брод со руско знаме Жибек Џоли, кој превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, и да го уапси неговиот екипаж.

Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Џоли превезувал приближно 4.500 тони жито, натоварено во Бердјанск, за кое службеникот тврди дека ѝ припаѓа на Украина.

Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Џоли бил вклучен во „нелегалниот извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезувал 7.000 тони товар, што е поголема бројка од онаа наведена од службеното лице.

Турското Министерство за надворешни работи не било веднаш достапно за коментар во врска со доаѓањето на бродот.

Од казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврдиле дека Жибек Џоли е во нивна сопственост, но велат дека е ангажиран од руската компанија Грин Лајн, која не е на ниту една листа за санкции.

Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари.

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

САД ѝ праќаат на Украина ракетни системи, со кои ги бранат Белата куќа и Конгресот (ВИДЕО)

САД денеска официјално објавија дека на Украина ќе ѝ испратат нов пакет воена помош. Станува збор за оружје вредно 820 милиони долари.

Новиот пакет воена помош ќе вклучува ракети земја-воздух и противартилериски радари, кои би требало да ѝ помогнат на Украина поуспешно да се справи со руските удари со долг дострел, кои во последно време стануваат сѐ почести.

Пентагон објави и дека во Украина ќе испрати околу 150.000 парчиња артилериска муниција.

Ова е 14-ти американски пакет воена помош за Украина од август 2021 година. Севкупно, Америка за Украина обезбедила оружје и обука во вредност од 8,8 милијарди долари.

Како дел од новиот пакет воена помош, САД ќе купат два системи од типот НАСАМС од Норвешка. Станува збор за системи за противвоздушна одбрана кои се користат за заштита на воздушниот простор околу Белата куќа и зградата на Конгресот во Вашингтон.

Пентагон, исто така, најави дека ќе испрати повеќе муниција во Украина за модерните повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, кои првпат беа испратени минатиот месец.

притисни ентер