Град Скопје поддржа подготовка на студии за идентификување на проблемите во функционирањето на градот

Во Скопје живее една третина од населението во земјата и големите дневни миграции од другите делови на земјата секојдневно го зголемуваат бројот на луѓе во градот. 

Ова го отежнува функционирањето на градот како систем и создава бројни проблеми, не само од оперативна, административна и финансиска перспектива, туку и од аспект на животната средина. Ова беше потврдено и со пресметаниот отпечаток врз животната средина, што е крајно неповолен, соопшти Град Скопје.

Успехот во политиките и мерките развиени на локално ниво, како што се истакнува во соопштението, зависи, меѓу другото, и од достапноста на примарните податоци собрани од терен што овозможуваат да се согледа реалната состојба.

Имајќи го предвид ова, Град Скопје преку Секторот за заштита на животната средина и природата ја поддржа подготовката на низа студии кои помогнаа да се идентификуваат главните причини и проблеми, како и можностите за дејствување. Секторот за животна средина и заштита на природата има одделенија за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатските промени, заштита на бучава и нејонизирачко зрачење, за заштита и спречување на загадување на водата и земјиштето, за заштита на природата, за стратешко управување со животната средина и секое од нив реализираа многу активности во својата област, наведуваат од Град Скопје.

Како резултат на тоа, градот Скопје располага со големи податочни сетови што не секогаш се користат соодветно или доволно, иако тие се јавно достапни на нивната веб-страница.

Со прифаќање на иницијативата за Отворено владино партнерство, Секторот се обврза да го олесни пристапот до податоците, преку акцијата 5.4. До отпорно Скопје преку достапност на податоците (од ОВП НАП4), стои во соопштението.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер