Град Скопје наградени 63 ученици од средните училишта

Градот Скопје денеска награди 63 учениците од средните училишта кои што постигнаа најдобри резултати на скопските регионални натпревари.

Во текот на учебната 2017 и 2018 година реализирани се натпревари по информатика, математика, германски јазик, англиски јазик, хемија, географија, физика, француски јазик, биологија, предмети од електротехничката, сообраќајната, машинската струка и латински јазик.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на учениците им честита за освоените награди и им порача дека градот ќе поддржува вакви успеси бидејќи, како што рече, на Скопје му требаат силни личности кои нема да веднат глава и гордо ќе се борат за своите права.

- Памтете ги овие ваши успеси, ќе дојде ден кога ќе бидете многу горди на нив, продолжете по патот по кој веќе чекорите и инвестирајте во знаењето, само така ќе бидете свои на своето, им порача Шилегов на учениците.

Градот Скопје обезбеди финансиска поддршка на средните училишта-домаќини на регионалните натпревари (Скопски регион), како и парични награди и благодарници на највисоко рангираните средношколци од средните училишта на подрачјето на Град Скопје кои освоиле едно од првите три највисоко рангирани места на натпреварите на регионално ниво.

Оваа година градот доделува и благодарници и на 12 акредитирани здруженија, како и на менторите на наградените ученици, со цел јавно признание за успесите кои ги имаат постигнато за организација на натпреварите.

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

притисни ентер