Град Скопје: Кејот 13 Ноември повторно назад кај граѓаните, реконструиран, поубав и поширок

На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов има целосно ново партерно уредување.

- Како што и самите можете да се уверите, шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе кои со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од Кејот опфати партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни која концептуално е поврзана со околните објекти – рече Шилегов.

Со реконструкцијата на кејот беше изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.

- Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе можат да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите негови корисници од граѓаните кои го користат за прошетки, одмор и релаксација, па се до бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите кои ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни – кажа Шилегов.

Тој дополни дека конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречено е самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.

- Нашиот сон се оствари, во екот на летната сезона Кејот 13 Ноември, повторно е полн со наши сограѓани кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на Скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа – изјави Шилегов.

На отворањето на новиот Кеј настапи Градскиот дувачки оркестар, а се одржа и изложбата на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“.

Град Скопје

ДИК со првични резултати за освоените мандати на вчерашните избори

Претседателот на ДИК , Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни избори.

Државната изборна комисија на 102 седница ги соопшти првичните и официјални резултати од изборите 2024 година.

Тесла утре го прекинува производството во фабриката во Германија, работниците на протест

Tesla утре ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во медиумите беше објавено дека фабриката ќе биде затворена четири дена.

Ќе има „еднодневен планиран прекин на производството“ во фабриката на 10 мај, изјави менаџерот на фабриката Андре Тиериг за X.

За време на викендите во фабриката нема производствени активности, а четврток е државен празник во Германија.

Германскиот весник Handelsblatt денеска објави дека Tesla ќе го запре производството во својата германска фабрика на четири дена поради протестите против плановите за проширување на фабриката.

Сите вработени беа замолени утре да работат од дома, според е-поштата што ја видел Handelsblatt и била испратена од компанијата во понеделникот.

Производството ќе заврши со доцната смена во среда и ќе продолжи со ноќната смена во недела, објави Handelsblatt. Пристапот до фабриката ќе биде возможен само со одобрение на менаџерот.

Плановите на Tesla за проширување на фабриката во Германија дојдоа до пречка во февруари кога граѓаните гласаа против предлогот да се расчисти шумата за да се отвори простор за поголем објект.

Активистите најавија неколку протести против проширувањето на Tesla во наредната недела, вклучително и протест закажан за утре пред портите на фабриката.

Продажбата на Tesla во Европската унија падна за 5% во првиот квартал од оваа година во однос на претходната година, заостанувајќи зад растот од 4% на пазарот на електрични возила со батерии во тој период, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

Мицкоски за владата во заминување: Не може со својот народ да работат со манипулации

Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. 

И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.

-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:

-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

притисни ентер