Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014 - Канал 5

Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014

Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје традиционално и оваа година ги избра најдобрите спортисти, тренери и екипи за 2014 година.

Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска им ги доделија признанијата на добитниците.

- Од срце ви честитам за трудот и за залагањето во постигнувањето на вашите резултати за почит, достигнувањата кои го афирмираат нашиот град, но и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистите, тренерите, спортските работници и на екипите што постигнавте извонредни резултати на најсилните европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија, како најефикасните можни амбасадори. Сакам да потенцирам, дека од Градот Скопје секогаш ќе ја имате поддршката – финансиска, логистичка, морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме успесите, истакна градоначалникот Трајановски.

За најдобри спортисти за 2014 година беа прогласени:

1. Антонио Ристевски, скијање, СК „Работнички”, 29 место во слалом
на Олимписките игри во Сочи Русија, настапи на 360 меѓународни натпревари од кои на 7 светски првенства и 2 олимпијади.
2. Игор Стефановски, Автомобилизам, АК„ Про Спорт”, шампион на
Македонија 10 години во ридско брзински трки, 1 место / шампион на Европа / во ридско брзински трки, од 12 трки победи во 8 трки.
3 / 4. Томи Стефановски, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учество на 7 светски маратони за ранг листа.
3 / 4. Евгениј Попацев, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учесник на 5 меѓународни маратони за ранг листа.

На првите три места во категоријата Млади спортисти се:

1. Мери Јанева, за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки и државен првак на Македонија во поединечна конкуренција и
1. Александар Соколовски за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки, државен првак на Македонија во поединечна конкуренција.
2. Бојан Јанкуловски, Тенис, ТК „Југ” Скопје, државен првак, 1/4 финале во Европа серија / АТП/, од 1218 тенисери до 16 г. рангиран на 2 место, од 39 натпревари во сингл 35 победи, од 16 натпревари во двојки 9 победи, настапи со репрезентацијата во Дејвис Куп.
3. Филип Талевски, Ракомет, РК „Металург” Скопје, настапи во ЛШ, член на јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија.

За најдобри тренери прогласени се:

1. Иван Лесевски, Скијање, СК „Работнички” Скопје, учесник на 4 Олимпијади, 29 место - Слалом на Олимписките игри во Сочи Русија.
2. Индира Кастратовиќ ЖРК „Вардар” 3 место во Европа во Лигата на Шампиони, државен првак и куп победник на РМ.


За најдобра екипа е избрана екипата на ЖРК “Вардар” Скопје, државен првак и куп победник на РМ и освоено 3 место во Европа во лигата на шампиони, и пласман во Топ 8 за 2015.

За најдобар спортист од странство е прогласен Тимур Дибиров, ракометар на РК „Вардар“ Скопје, настапи во европската лига на шампиони во Топ 8, првак со РК „Вардар“ во СЕХА Лига.

За најдобар спортист со телесен инвалидитет е прогласен Ристо Фотевски, успешен спортист во повеќе дисциплини: шах, пинг-понг, трки со инвалидски колички на 100, 200 и 400 метри и фрлање на чуњеви.

За особено постигнување - Подвиг на годината награда доби Здравко Дејановиќ, Високо горско / алпинистичко остварување, член на ПК “Бистра” Скопје, во К 2 го освои најтешкиот врв во светот 8611 метри, само Монт Еверест со 8848 метри и уште 3 други највисоки врвови остана како предизвик.

Признанија за посебни достигнувања во спортот им беа доделени на:

1.„Јуниор” Скопје, Школа за мини баскет, 20 години постоење со успешна работа и масовност во кошаркашкарскиот спорт.
2.„Цветан Димов” Скопје, Карате клуб, 40 години постоење со активна и успешна работа на клубот.
3.Назми Али, Тренер по борење во Боречки клуб “Тефејуз” Скопје, успешна работа со младински категори, 30 години активност. Борачите под негово водство биле носители на медали од евроспки и светки пртвества.
4.Јовица Јованчев, Ултра маратон / Планинско трчање, успех на најтешката ултра маратонска трка околу Монд Блан низ 3 држави; Франција, Италија и Швајцарија во должина од 168 км / неофоцијално Светско првество / и учество и на 3 светски трки со должина од 100 км.
5.Александар Чекоров и Александар Смилков, ГИНИСОВ РЕКОРД во туркање на автомобил, на 14.12.2014 год. за 24 часа истуркаа 95 км, претходниот рекорд го држеа американците од 2008 година со истуркани 82,4 км.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер