Град Скопје ги награди најдобрите за најголем придонес во заштитата на животната средина

Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор  и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.

Овој конкурс беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година.

За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина) е избрана Pro Credit Bank, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.

Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е НУЛА ОТПАД ДОО Скопје.

За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Зоран Митиќ, за двор во општината Аеродром, а за двор на институција победник е ООУ „Свети Климент Охридски“, с.Драчево, општина Кисела Вода. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.

Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Татјана Јовановска VIII 1 одделение, ООУ „Петар Поп Арсов“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Христина Иванова IV-2, СУГС „Никола Карев“. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.

Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, VIII 2, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, а за ученици од средните училишта наградата отиде кај Мартина Арсеска, IV-1, СУГС „Никола Карев“. Наградените ученици во оваа категорија добиваат награда од по 10.000 денари.

Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување не е доделена награда, бидејќи на конкурсот не пристигнаа пријави.

Овој конкурс Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“, а целта е да се подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина,се наведува во соопштението од Град Скопје.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

притисни ентер