Град Скопје доби награда од 50.000 долари од Младинскиот климатски акциски фонд

Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ.

Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности.

Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од Младинскиот климатски акциски фонд кој обезбедува техничка помош и финансирање за активирање на илјада млади на возраст од 15 – 19 години за управување со био отпад, дизајнирање и производство на рециклирани производи во рамки на биотехнолошката лабараторија.

Според меѓународните испитувања повеќе од 60 проценти од младите сметаат дека националните влади не прават доволно за да се справат со климатските промени, Младинскиот климатски акциски фонд на COP28 избра градови кои имаат организациски капацитет и потенцијал да ги регрутираат младите за изнаоѓање решенија. Во рамки на Локалниот самит за климатски активности на COP28, Младинскиот климатски акционен фонд и Bloomberg Philanthropies обезбедија поддршка за да се искористат иновативните пристапи кои поттикнуваат стабилна младина.

Иницијативите во град Скопје кои опфаќаат образование, истражување и развој, вклучуваат програми за климатско образование предводени од младите, младински климатски хакатони, младински климатски клубови и настани за подигање на свесноста за проектите и вклученоста на младите, а ќе се реализираат во рамки на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот отворена од Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ.

Град Скопје

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски.

Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.

-Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!, се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник.

„Гответе со Дракче“ - Тиквички во павлака

Во вторник (02.07.2024) во емисијата гостин ни беше Зоран Далчевски

Состојки за денешниот рецепт:

3 тиквички

3 домати

200 гр. кашкавал

200 мл. павлака за готвење

3 чешниња лук

Oригано и други зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Истражување: Преговори со Русија во повеќето европски земји се сметаат за најверојатен исход

Преговори со Русија во повеќето европски земји се сметаат за најверојатен исход од руско-украинската војна

Преговори со Русија во повеќето европски земји се сметаат за најверојатен исход од руско-украинската војна, покажува истражувањето спроведено од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) во 15 земји.

Поддршката за украинската кауза останува силна ширум Европа и покрај пресвртите на бојното поле, но европските гласачи се повеќе веруваат дека вооружувањето на Украина е неопходно не за да се постигне целосна победа на Украина на бојното поле, туку за зајакнување на позицијата на Украина во идните преговори со Русија.

EЦФР анкетираше 19.566 луѓе во 15 земји во првата половина на мај 2024 година. Истражувањето на тој истражувачки центар, спроведено за првпат во Украина, покажа дека поддршката за војната и победата таму е силна, и покрај разговорите за слабеење на моралот, објави „Гардијан“.

Вкупно 34 отсто од Украинците велат дека имаат „голема доверба“ во украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека други 31 отсто му веруваат „прилично“, што значи дека оние кои му веруваат на украинскиот лидер се побројни од оние кои немаат сооднос два спрема еден. На прашањето за најверојатниот исход од војната, 58 отсто од Украинците предвиделе победа на Украина, 30 отсто одговориле дека договорот ќе заврши, а само еден отсто очекуваат Русија да излезе како победник.

Но, мнозинството претпочита да отстапи територија наместо да се откаже од суверенитетот, дефиниран со правото да се приклучи кон НАТО и ЕУ.

Меѓу 14-те испитани европски земји, само во Естонија преовладуваше мислењето (38 отсто) дека Украина веднаш ќе ја добие војната. Од друга страна, најголем број од испитаниците во Шведска и Полска сметаат дека Европа треба да и помогне на Украина да се бори додека не ја врати целата територија, додека мнозинството во Италија, Грција и Бугарија сметаат дека е лоша идеја да се зголеми испораката на оружје во Украина.

Според анкетата, Италија е најголемата европска сила која најмалку ја поддржува Украина. Во повеќето европски земји, најголемиот број од нив се уште се за испраќање на големо количество оружје во Украина, дури и ако тоа само ја зајакнува преговарачката позиција на Киев.

Истражувањето покажа дека во Чешка, Франција, Германија, Холандија, Шпанија и Швајцарија недостига национален консензус за војната и улогата на ЕУ, а во ниту една земја немало поддршка за испраќање војници во Украина.

Вкупно 69 отсто од Украинците изјавиле дека е потребно повеќе оружје за да се одбранат, а 75 отсто од нив сметаат дека улогата на ЕУ е позитивна и дека членството во ЕУ е неопходно за да се добие војната.

Исто така, 88 отсто од анкетираните граѓани на Украина ја рангираа Велика Британија како „најсигурна“ во поддршката на Киев, додека Литванија е на второ место (77 отсто).

Третина од Украинците изразија загриженост дека САД ќе склучат мировен договор со Русија без да го вклучи Киев.

Анкетата покажува дека францускиот претседател Емануел Макрон не успеал да ги убеди Французите да го следат во посилна проукраинска позиција. Една третина од испитаниците во таа земја биле за поддршка на Украина за враќање на изгубената територија, друга третина ги поддржале преговорите за мировен договор со Русија, додека последната третина немале став. /МИА

притисни ентер