Град Скопје до ОЈО ГОКК достави 20 предмети за незаконски легализации во Општина Чаир - Канал 5

Град Скопје до ОЈО ГОКК достави 20 предмети за незаконски легализации во Општина Чаир

Градоначалничката на Скопје – Арсовска поднесе дваесет предмети до ОЈО ГОКК за како што изјави, незаконски легализирани дивоградби во О. Чаир, обвинувајќи го градоначалникот Висар Ганиу ...

Град Скопје до ОЈО ГОКК достави 20 предмети за незаконски легализации во Општина Чаир

Арсовска тврди дека во Чаир има 13.000 предмети за дивоградби, па побара надлежните органи да постапуваат, бидејќи според неа, ваквите состојби ги носат граѓаните во опасност поради нестандардното градење, а го оштетуваат и државниот буџет за над 200 милиони евра. Градоначалничката покажа официјални сателитски снимки од 2017 и од 2023г на која, како што наведува, се гледа дванаесет катница изградена лани, а легализирана пред 11 години.

-Господинот Беким Аземи е најмладиот претприемач во Македонија во изминатото столетие. Тој ја изградил, според документацијата што ни ја презентира Висар Ганиу, односно за која што лаже Висар Ганиу ја изградил оваа зграда во 2010та година кога имал само 11 години и поднел своерачно изјава и барање за легализација на оваа зграда кога имал само 12 години. Затоа не е ни чудо што сме четврта најака економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 годишна возраст, во Чаир градат згради и аплицираат со барање и стануваат милионери,-Данела Арсовска – Градоначалник на Град Скопје.

За обвинувањата на Арсовска став побаравме од градоначалникот Ганиу, но тој досега остана недостапен. Последно што одговори на обвинувањата на градоначалничката беше дека нејзините наводи се невистините и најави дека со Арсовска ќе се видат на суд.

Сега на ред за постапување е ОЈО ГОКК кое треба да ја разгледа документацијата и во случај да има основ, да отвори предмет.

Претходно Арсовска достави докази и до ОЈО Скопје, од каде посочија дека наводите се разгледуваат, но во меѓувреме отворија истрага за дивоградба во Чаир, но не за онаа која ја наведуваше тогаш Арсовска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

Најубавата српска ракометарка, Сара Гаровиќ, покрај со своите одлични игри на теренот, плени и во приватниот живот. 

Фото:  Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

На Инстаграм ја следат повеќе од 30.000 луѓе, а таа често ги радува со провокативни фотографии што ја потврдуваат нејзината титула на една од најубавите спортистки во Европа.

Најновата профилна фотографија ја прикажува Сара во бикини, како позира со два прста кренати високо додека стои на пешкир, со контроверзен натпис:

Добро „га.е“.

Сара Гаровиќ својата кариера ја изгради во ракометот. Започна во белградските клубови „Авала“ и „Вождовац“, а преку двојна регистрација настапуваше и за „Инџија“.

Нејзиниот пат потоа ја водеше низ „Раднички“, „Јуниор“, „Медицинар“ од Шабац и „Бекамент“ од Аранѓеловац, пред да стане шампионка на Србија со „Црвена ѕвезда“, за која настапува во последните две и пол години.

Меѓународно искуство стекна во Полска и Германија, каде што забележа значајни резултати во европските натпреварувања со „Борусија Дортмунд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Поранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. 

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело.

Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер.

„Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи.

Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Honda Super EV: Мал електричен автомобил

Honda Super EV: Мал електричен автомобил за голема забава. .

Honda Super EV: Мал електричен автомобил

На традиционалниот фестивал на брзината „Goodwood“ во Англија, Honda го претстави новиот Super EV – мал електричен градски автомобил инспириран од јапонските „кеи“ (kei) автомобили, но со јасен фокус на уживањето во возењето.

Со должина од само 3,6 метри и тежина помала од 1,1 тон, Super EV се движи со помош на електромотор со моќност од 64 коњски сили. Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, овозможувајќи му на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за приближно 8,8 секунди.

Honda вклучи и неколку интересни карактеристики, како што се симулирано менување брзини преку рачки на воланот и вештачки звук на моторот што го засилува спортското чувство. Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека Super EV е еден од најзабавните мали електрични автомобили што некогаш ги возел. Што се однесува до практичноста, Super EV располага со батерија од 30 kWh, која нуди автономија до 206 километри според WLTP стандардот.

Со максимален капацитет за брзо полнење со еднонасочна струја (DC) од 50 kW, автомобилот е првенствено наменет за градско возење. Нуди багажен простор со капацитет од 210 литри.

Продажбата веќе започна во Обединетото Кралство, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот за лансирање на другите европски пазари останува непознат, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер