МакедонијаГрад Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано! https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
БалканПаѓа довербата во владата на РадевСамо два месеца по преземањето на власта, бугарскиот премиер Румен Радев се соочува со првиот посериозен пад на довербата.Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека поддршката за него и за неговата влада се намалува додека расте бројот на граѓани кои сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања. Во мај Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба. Во јули неговиот позитивен рејтинг се намалил на 50 проценти, додека негативниот се зголемил на 33 проценти. Меѓу главните причини за падот се реакциите на предложениот буџет за 2026 година, недостигот од убедливи резултати во домашната политика и слабеењето на пораките за решителна борба против корупцијата и стариот модел на управување.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЈО: Предложен притвор за семејно насилство во ГевгелијаОсновното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда .Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата сопруга по претходна вербална расправија во домот околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената. Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди – повеќе крвни подливи. Вечерта на 19 јули, откако оштетената го пријавила во полициската станица и заминала во куќата кај нејзината ќерка, обвинетиот испратил СМС порака со заканувачка содржина на телефонот на ќерката дека ако сопругата не се врати дома тој купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Имајќи ги предвид сите околности, а особено фактот дека обвинетиот ги сторил кривичните дела во услови кога е осуден за претходно сторено кривично дело загрозување на сигурноста и му е изречена мерка – условна осуда 3 месеци, а за која рокот на проверка од 1 година се уште трае, јавниот обвинител оцени дека е неопходно да предложи да му биде определена мерка притвор додека трае новата постапка против него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook