Град што не постои ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029. - Канал 5

Град што не постои ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029.

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските Зимски игри во 2029 година во Неом, футуристички мегаполис што се гради во северозападниот дел на земјата, објави Олимпискиот совет на Азија (ОЦА).

Град што не постои ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029.

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе станат терени за зимски спортови“, се вели во соопштението на ОЦА, додавајќи дека одлуката била донесена едногласно на седницата на генералното собрание во Пном Пен.

Сместен на брегот на Црвеното Море, проектот „Неом“, чија изградба е вредна неколку стотици милијарди долари и е предводен од моќниот престолонаследник Мохамед бин Салман, е предмет на бројни дискусии од 2017 година, кога беше објавен. Архитектите и економистите ги изразиле своите сомнежи за неговата изводливост.

Азиските Зимски игри треба да се одржат и во Тројена, планинскиот сектор на Неом, „каде што температурите паѓаат под 0 степени во зима и каде што генерално температурите се под 10 степени во текот на годината“, покрај морето, велат промоторите на овој проект. .

Тројена, која треба да биде завршена во 2026 година, ќе вклучува скијачки патеки кои ќе бидат отворени во текот на целата година, вештачко слатководно езеро, кабини, вили и луксузни хотели, додаваат истите извори. Директорот на Неом, Надми ал-Наср, рече дека Тројена ќе биде опремена со „соодветна инфраструктура за да создаде зимска атмосфера среде пустина и ќе ги направи Зимските игри светски настан без преседан“.

Азиските Зимски игри вклучуваат натпревари во скијање, сноуборд, хокеј на мраз, уметничко лизгање, во вкупно 47 спортови, од кои 28 се на снег и 19 на мраз, додава ОЦА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска

Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени сите пет лица кои им беа недостапни на органите на прогонот во врска предметот за проневера од речиси три милиони евра за Фудбалската федерација

ОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени

На еден од осомничените, судија на претходна постапка вчера му одредил мерка притвор, а втор доби мерки за обезбедување.

Од обвинителството денеска соопштија дека на другите двајца осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на последниот му е одредена мерка куќен притвор.

Минатата недела основниот кривичен суд скопје им одреди 30-дневен притвор на три лица, меѓу кои и на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, петмина добија куќен притвор, а четворица мерки на претпазливост во рамки на истрагата за финансиски манипулации и криминал во ФФМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надеж

Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж.

Огњеновиќ: 2 години Влада на Мицкоски: Изгубени години за младите, изгубена надеж

Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места.

Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома.

По две години, нема ништо од тоа. Ги излажаа младите!

Мицкоски им ја украде иднината. Го блокираше европскиот пат на Македонија

Наместо надеж, младите добија неизвесност и изолација.

Наместо перспектива, добија разочарување.

Затоа денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата.

Не затоа што не ја сака Македонија.

Туку затоа што не гледа иднина во политиките на оваа власт.

Мицкоски прво ги повикуваше младите да се врателе во Македонија, за веднаш потоа да им каже дека ќе ги менува за „економски работници“.

Вистината е дека Платформата 1198 е една голема лага. Во реалноста на младите им останаа само разочарувањето.

YouTube video

Прес конференција, Петар Огњеновиќ – СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер