Грабнале девојче од дома, ја силувале и врзале со синџири,судот во Пакистан сака да ги ослободи - Канал 5

Грабнале девојче од дома, ја силувале и врзале со синџири,судот во Пакистан сака да ги ослободи

12 годишното девојче Фарах, порасната во христијанска религиозна традиција, раскажува дека напаѓачите ја киднапирале од нејзиниот дом минатото лето, ја ставиле во ланци, ја присилиле да се преобрати во ислам и да се омажи за муслиман.

Грабнале девојче од дома, ја силувале и врзале со синџири,судот во Пакистан сака да ги ослободи

Фарах била дома во Фајсалабад на 25 јуни 2020 година, заедно со нејзиниот дедо, тројцата браќа и двете сестри, кога некој им тропнал на вратата. Дедото отвори и после тоа тројца мажи упаднале во куќата и ја зграбиле малата Фарах.

На семејството му испратиле порака дека ќе „зажалат“ ако се обидат да ја вратат назад. Таткото на девојчето Асиф отишол во полиција и го пријавил киднапирањето; тој дури го дал и името на еден од киднаперите, кого го препознал дедото. Но, рекол дека полициските службеници не покажувале голем интерес за случајот, пишува Би-Би-Си.

„Тие не сакаа да соработуваат и одбија да го регистрираат киднапирањето. Не само тоа, туку ме туркаа и вербално ме малтретираа“, рече таткото и додаде дека инцидентот го регистрирале дури по три месеци.

Киднаперите во меѓувреме ја пренеле 12-годишната Фарах во градот Хафизабад оддалечен 110 километри каде ја силувале, ја ставиле во ланци и ја третирале како роб.

"Бев во синџири поголемиот дел од времето. Морав да ја чистам куќата на киднаперот и да се грижам за животните во дворот. Беше ужасно", рече Фарах.

"Ми ги оковаа глуждовите и ме врзаа со јаже. Се обидов да го исечам јажето и да ги извадам ланците, но не успеав. Секоја вечер му се молев на Бога за помош", додаде таа.

На почетокот на декември, пет месеци по киднапирањето, полицијата дошла во куќата на киднаперите и ја спасиле Фарах и ја испратиле во засолниште за жени.

За време на судењето на киднаперот, судот му препорачал на таткото на девојчето да се откаже од обвинението затоа што Фарах рекла дека доброволно се согласила на бракот.

"Го кажав тоа затоа што киднаперот ми рече дека ако не, ќе ме убијат, а потоа ќе го убијат татко ми, моите браќа и сестри. Целото мое семејство. Се плашев дека ќе го сторат тоа, па реков дека се согласувам на бракот. „рекла Фарах.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер