Грабеж среде Париз: Разбојници од златарница украдоа накит, вреден 200.000 евра - Канал 5

Грабеж среде Париз: Разбојници од златарница украдоа накит, вреден 200.000 евра

Златарница „Сваровски“ била ограбена во центарот на 6-тиот арондисман во Париз, а крадците одзеле плен проценет на 200.000 евра, објавија денес француските медиуми.

Грабеж среде Париз: Разбојници од златарница украдоа накит, вреден 200.000 евра

Грабежот се случил ноќта помеѓу четвртокот и петокот, на улицата Рен, објави „Ле Фигаро“.

Според парискиот весник, златарницата имала лажни камери за надзор.

Канцеларијата на обвинителот на Париз соопшти дека очигледно добро подготвените крадци зеле накит чија вредност се проценува на околу 200.000 евра.

Истрагата ќе ги утврди точните околности на грабежот, но истражителите нема да имаат на располагање никаков употреблив видео материјал бидејќи во објектот биле инсталирани лажни камери за надзор, објави „Ле Фигаро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

По 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести.

На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.

Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. 

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер