Готвачката елита викендов во Охрид на четвртиот „Гастромак" - Канал 5

Готвачката елита викендов во Охрид на четвртиот „Гастромак"

Континенталниот гастрономски настан на кој учествуваат и готвачи од целиот свет се одржува во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Македонија, поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

Готвачката елита викендов во Охрид на четвртиот „Гастромак"

Повеќе од 300 професионални готвачи, шефови на кујни, но и готвачи аматери оние кои ќе ја креираат иднината на добриот залак, викендов се во Охрид, во рамки на четвртиот Интернационален гастрономски натпревар „Гастро Мак" што се одржува под мотото „Не бери гајле, биди Охрид".

Од она што ќе биде презентирано на „Гастромак", како во натпреварувачкиот така и во ревијалниот дел на програма, ќе бидат искористени идеи, новини што би биле од полза во унапредувањето на македонската гастрономска понуда, но пред се онаа на Охрид како главен туристички центар во земјата. Но, колку е да се желбите и очекувањата големи, светските искуства и оценките на експертите кажуваат дека тоа е долг, макотрпен процес што мора постојано да се се надградува, унапредува, да ги следи светските текови…

Ангела Василеска, професор д-р. на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и експерт по гастрономија која е организатор на многу слични манифестации што имале за цел подобрување на понудата на храна во градот, гастрономските процеси во земјата ги оцени како „бавно освестување".

– Охридската гастрономска понуда се уште е во сивило, нема своја препознатливост. Сите понуди на рестораните се слични, наликуваат една на друга. Она што е потребно да се издвојат, да станат препознатливи и конкурентни, но во лојална конкуренција. Тоа значи дека ако еден ресторан е успешен, другиот треба да го отслика истото мени, туку секој да има своја понуда и да разработува своја таргетна група, вели Василеска.

Таа истакна дека преку контактите со големите светски шефови и готвачи со „мишелин" ѕвездички се прави обид да се подобри охридската понуда на јадења, со примена на локални прехрамбени продукти, потоа нивна правилна презентација, послужена од келнери обучени и оспособени понудата да му ја пренесат на клиентот.

– Кадрите готвач и келнер се се повеќе дефицитарни во Охрид, но таква е ситуацијата генерално во земјата. Ќе се соочиме со сериозна ситуација, мора да се размислува за тоа како да се справиме со тој проблем. Најверојатно ќе се покачуваат платите, но високата плата бара професионалност. Профил на личност со вештини потребни за работата што ја вршат, вели таа.

Кога станува збор за ресторанските менија што се на понуда, таа со констатација дека за жал мали се промените, мора да се работи креативно.

– Се работи за гастрономско освестување, прво да знаеме што треба да правиме. Креирањето мени не е така лесна работа, не се работи да се препише. Секој ресторан да се наметне со своја препознатливост со кратко мени и најмногу 12 јадења и гостите кои ќе одберат каде да ручаат, вечераат тоа да го прават токму поради изборот на понуденото. Да не се нуди се оттаму што еден ресторан не може да понуди квалитетна пица, чорба, скара, туку секој угостителски објект да има своја препознативлост, вели Василеска.

Дел од годинешната готвачка елита во Охрид е и најпознатиот готвач на овие простори, Стево Карапанџа. Тој е во Охрид како претседател на жирито што ќе ги оценува јадењата што ќе ги приготвуваат учесниците на натпреварувачкиот дел од манифестацијата.

Карапанџа изненаден од бројот ресторани и хотели во Охрид, задоволен од она што можел да го проба во некои од нив за време кусиот престој тука од два дена.

– Недоволно ја познавам локалната гастрононската понуда, но она што го пробавме овие денови е навистина убаво за уживање. Се надевам дека и оваа манифестација ќе ги поттикне младите готвачи, дека ќе им ги отвориме очите, дека во многу од нив ќе се роди некој нов Карапанџа, вели тој.

За тоа како се станува готвач професионалец како што е самиот тој, Карапанџа рече дека тоа бара многу љубов кон професијата, но и исто толку упорност и работа.

– Оваа професија е атрактивна, дава многу можност да се види светот, многу да се патува, да се научат и видат културите на многу нации, народи. Многу од овие готвачи тука токму преку чинијата ќе ја запознаат македонската култура, рече тој.

За гастрономијата тој истакнува дека е сигурно еден од најважните сегементи на секоја туристичка понуда, затоа мора да се работи на задржување на добрите готвачи, да се спречи нивното заминување надвор.

– Го имате ова убаво езеро, овие прекрасни планини, чист воздух, но она што е на чинијата е многу важно. Позната е приказната дека и љубовта оди преку неа. Некој универзален репецт за успех нема. Но, мора да работите како да ги задржите готвачите тука. Тоа е едноставно, треба добро да се платени. Мора да им се овозможат добри примања, вели Капаранџа кој не криеше дека самиот како готвач во Швајцарија имал месечна плата и до 12 илјади франци.

Во рамки на програмата на „Гастромак" на учесниците ќе им биде понудено специјално изработено мени на нетипична македонска вечера, спој на локална храна со македонско вино, но приготвена на несекојдневен начин. Менито е направено како урнек како би можеле тоа да го направат одредени ресторани, уникатно мени со локални продукти, но креативен пристап, со локални зачини, локални техники на готвење. На менито за почеток нуди „Виножито" салата со зелена салата, чери домати, печено сирење, нане, јаткасти плодови маринирани во мед и балсамико со пршута. Како предјадење ќе се сервира белвица на трска зачинета со лута пиперка, потоа пилешко во сос од планински чај и малина со овчо сирење, додека главното јадење е телешко под сач со арпаџик, пире од карамелзирани брокули, морков, босилок и карфиол во редуциран сос од вино. На крајот следува десерт, црквена пченица со лимонов сос и крем од козјо сирење.

Во рамки на програмата утре е предвидено одржување на „Фиш фест", кога професионални готвачи со „мишелин" ѕвездички ќе приготвуваат скара на отворено, а нивните креации ќе можат да ги дегустираат посетителите на манифестација./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер