ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден денГостивар е пред прогласување на епидемија од гастроентеритис – бранот на заразата и натаму не стивнува, приемните одделенија на инфективна и педијатрија и натаму се полнат. Во изминатово деноноќие со препознатливите симптоми, повраќање и дијареа, помош побарале над 300 пациенти, повеќе од 100 се деца. Хоспитализирани се тројца возрасни, останатите се со полесна клиничка слика. Во меѓувреме во тек е епидемиолошкото анкетирање, но прагот, од Институтот за јавно здравје за прогласување епидемија е надминат, па се очекува во текот на денот да биде прогласена, што за Канал 5 потврди и Центарот за јавно здравје од Тетово, од каде ќе дојде прогласувањето. Таквата состојба треба да донесе до подобра координација на терен, а што се однесува до мерките, уверуваат дека истите се спроведуваат. -Се надевам дека колегите од Центарот за јавно здравје кои согласно закон се надлежни да ја пријават епидемијата, дека во текот на денот ќе го сторат истото. Надминат е прагот на неделно ниво, тоа мора да се потенцира, дека проблемот со бројот на заразени е во текот на оваа недела. Она што е битно кога зборуваме за пријавување за епидемија, согласно законот, е дека тоа е едно невообичаено зголемување и во споредба со истиот период од претходните години. Она што морам да кажам дека треба да се земе предвид, за да се пријави епидемија треба да има и официјални пријави за заразна болест, до овој период се 140,- - Д-р Драган Кочински – Раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања. Кочински вели дека засега нема индиција дека гостиварци се заразиле од нешто друго, односно причината е водата, но вели резултатите од мострите од водата и микробиолошките мостри од пациентите ќе бидат готови во текот на утрешниот ден, кога точно ќе бидат соопштени резултатите, но и предадени во обвинителството. Што се однесува до проблемот со земањето на примероци од водата, за кои според надлежните на терен имало проблем да се подигнат оти физички им оневозможиле група на граѓани, од СВР Тетово уверуваат дека такво нешто воопшто не се случило. -Според официјалните евиденции и проверки на ОВР Гостивар, не се регистрирани лица кои ги спречувале или оневозможувале надлежните да земаат мостри од водата за испитување. Во текот на постапката, во просториите на ОВР Гостивар на службен разговор се повикани три лица одговорни во ЈП Водовод и канализација „Комуналец“ Гостивар со цел расчистување на сите околности поврзани со овој случај,- СВР Тетово. Во меѓувреме на сила останува забраната за користење на водата за било каква цел која ја издаде АХВ, а епидемиолозите препорачуваат истата да не се користи ниту по превривање. Тагови: Гостивар труење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook