Горјан Славески нов светски шампион во БКФЦ борби без ракавици - Канал 5

Горјан Славески нов светски шампион во БКФЦ борби без ракавици

Македонскиот боксер Горјан Славески е нов светски шампион во борби без ракавици БКФЦ - велтер категорија. Тој ноќеска во Мајами го победи Американецот Џејк Линдзи.

Горјан Славески нов светски шампион во БКФЦ борби без ракавици

Во мечот за светската титула на турнирот што се одржа во Мајами, Славески ноќеска го совлада американецот Џејк Лидзи и со едногласна одлука на судиите беше прогласен за нов шампион во оваа категорија, откако беше очигледно подобар во три од петте рунди.

Гого сега го поседува шампионскиот појас кој претходно му припаѓаше на Луис Паломино кој неодамна се откажа од шампионскиот појас во оваа категорија.

Во својата кариера, досега има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување. Патот на Славески до светската титула почна во април 2022 година со триумфот против Рамал Аманов. потоа ги победи и Џастон Стилс, Далас Дејвисон, Евгениј Курданов, Јосденис Седено и сега Џејк Линдзи.

По синоќешната победа, Славески се огласи на социјалните мрежи со порака – „За мојот народ никогаш да не се зборува во деминутив“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Во вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. мелено телешко месо

1 пакување макарони (пастицио)

1 главица кромид

1 морков

1 црвен домат

200 – 300 гр. доматно пире

300 гр. кашкавал

100 гр. пармезан

4 - 5 јајца

250 мл. млеко

маслиново масло по потреба

половина коцка путер

малку мускатно оревче

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Трајче е казнет затоа што не молчи.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место.

Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат.

Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас.

Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат.

Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме.

Другар Трајче, со тебе сме.

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер