Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
2Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
СветГори термоцентрала во близина на Москва- Украинците напаѓаат со дронови (ВИДЕО)Термоцентралата Шатура (Шатура ГРЕС), една од најстарите и најважните електрани во Московскиот регион, претрпе значителна штета во ноќен напад за кој се сомнева дека е извршен од украински дронови. Прелиминарните извештаи покажуваат дека единицата за производство на електрична енергија гори, што може да доведе до долготраен прекин на електричната енергија. Ukrainian forces have struck one of Moscow’s major power facilities, the Shatura TPP, triggering a large explosion on the plant’s northern side. pic.twitter.com/Le6KPpMMMq — Asia Free Press (@AsiaFreePress) November 23, 2025 Експлозијата се случила во текот на ноќта, кога украинските дронови наводно ја таргетирале централата. Иако градоначалникот на Москва тврдел дека „два дрона биле соборени“, сведоштвата од жителите на Шатура, градот каде што се наоѓа електраната, укажуваат на спротивното. Тие пријавиле гласни експлозии и светла светлина над централата, а снимките од пожарот што кружат на социјалните медиуми сугерираат дека штетата е значително поголема од онаа предизвикана од соборените дронови на Украинците, објавува NEXTA. 🔥 Explosion at a key power plant near Moscow During the night, Ukrainian drones attacked the Shatura GRES in the Moscow region — one of the oldest power plants in the country. Preliminary reports say the plant’s power output unit is on fire. The Mayor of Moscow claimed that… pic.twitter.com/HEKbL2Js5s — NEXTA (@nexta_tv) November 23, 2025 Електраната Шатура, со капацитет од околу 1.500 MW, е клучна за снабдување со електрична енергија на делови од Московскиот регион. Се наоѓа на 120 км од Москва. Веднаш по нападот, локалните канали почнаа да известуваат за прекини на електричната енергија во делови од Шатура, потврдувајќи ја сериозноста на ситуацијата. Drone hits thermal power plant in Moscow oblast A local resident says it is the 4th or 5th drone to target a thermal power plant, reportedly in Shatura. On the video, you can hear a drone followed by an explosion The location and timing of the footage have not been verified yet pic.twitter.com/6z6hW309MU — Tatarigami_UA (@Tatarigami_UA) November 23, 2025 Додека социјалните медиуми се преплавени со снимки од пожарот и извештаи за прекини на електричната енергија, локалните власти и раководството на електраната молчат. Ова молчење само ги поттикнува шпекулациите за обемот на штетата и потенцијалното влијание врз регионалната енергетска инфраструктура. Украинската војска сè уште не го коментирала наводниот напад, објавува „Киев Индепендент“.Тагови: москва Украинци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМДобро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култураПрес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter