Гори кулата на катедралата во францускиот град Руан, историски објект од 12 век (ВИДЕО)

Пожар ја зафати катедралата во Руан во северна Франција додека пожарникарите се борат да го изгаснат, откако претходните телевизиски снимки покажаа дека од катедралата се издига густ чад.

„Стигнавме на местото на пожарот пред околу половина час... Ќе ни треба уште малку време, можеби еден час или повеќе, за да се увериме дека нема повеќе жаришта во областа“, изјави началникот на противпожарната бригада Стефан Гуезец за неколку телевизиски канали.

Командирот на противпожарната единица изјави дека во акцијата учествуваат 70 пожарникари и околу 40 противпожарни возила. Делот од кулата каде што избувнал пожарот е на висина од околу 120 метри, додаде тој.

Кулата била реновирана неколку години и била опкружена со скелиња и бела церада.

Катедралата во Руан, скапоцен споменик на француската средновековна готска архитектура, датира од 12 век и беше популаризирана од импресионистичкиот уметник Клод Моне со неговите слики во 19 век.

На телевизиските снимки се гледа како луѓето со ужас гледаат на црниот чад што се издига на небото. На најновите фотографии сè уште може да се види чад низ празнината во заштитната обвивка на скелето околу кулата.

Сцените потсетија на разорниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз во 2019 година, кој исто така избувна за време на реновирање.

Во април оваа година пожар ја зафати старата берза во Копенхаген, една од најголемите знаменитости на данската престолнина, и ја сруши нејзината кула. Подоцна се урнале и големи делови од надворешните ѕидови.

Локален функционер во Руан изјави дека катедралата е евакуирана, а итните служби се на терен. Околу зградата се поставени безбедносни барикади. Засега нема информации за жртви во пожарот, ниту пак се знае степенот на штетата.

Нов изглед – нова свежина: Разлади се со „VIVA Ice Tea“

Летото станува уште позабавно со „VIVA Ice Tea“.

Водечкиот македонски бренд за безалкохолни овошни пијалаци, го освежи визуелниот идентитет на своите овошни ладни чаеви. Добро познатите пијалаци за сите возрасти сега се достапни со нов освежен изглед.

Оваа категорија на производи, со вкусови на праска, брусница и лимон во пакувања од 1,5 литри и 0,5 литри, сега имаат нови редизајнирани етикети кои го истакнуваат квалитетот и свежината на овие пијалаци.+

"Нашата цел е секогаш да бидеме во тек со актуелните трендови и да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи. Новиот дизајн не само што го рефлектира нашиот ангажман за квалитет, туку ја нагласува природната свежина на нашите производи" велат од менаџментот на „ВИВА“.

Ладните овошни чаеви од портфолиото на „ВИВА“ кои се присутни на македонскиот пазар веќе 15 години, достапни се и во земјите од Блискиот Исток.

Со својата посветеност кон задоволството на потрошувачите веќе три децении, „ВИВА“ континуирано го потврдува својот врвен квалитет и иновативност во работењето.

Тошковски: Ќе сториме се, да ги осовремениме граничните премини

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има, истакна денеска на граничниот премин „Табановце, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со својот српски колега Ивица Дачиќ одговараа на новинарско прашање за тоа кога ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини, и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници.

-Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.

Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.

-Така што, секако дека е една од точките што ќе бидат разговарани со почитуваниот колега, така што ќе дадеме се’ од себе. Верувајте ми дека и ние не сакаме секако да има волку големи колони, коишто создаваат нервози итн. И ние сакаме максимално брзо да се транзитира. Убеден сум дека и министерот, Дачиќ и сите останати членки во рамки и на нашата Влада и на Владата на Србија ќе дадат максимум од себеси за поедноставување на целокупниот проток, изјави Тошковски.

На новинарско прашање дали тоа би профункционирало оваа сезона, Тошковски со одговор дека се надева во најбрз можен рок.

- Ако ви речам да, тогаш би ве излажал, а знаете дека не лажам, така што се надевам дека би имале најбрзо што може поедноставување на протокот на возилата, рече Тошковски.

Неговиот колега Дачиќ дополни дека оваа тема е актуелна низ годините и тоа уште во периодот кога тој претходно бил министер од 2008 до 2014 година.

-Тогаш од ваша страна беше министерка и јас стопати барав и инсистирав да се поминува само со лична карта, да се поедностави, да се прави една застанување. Но, секогаш се биле некои административни проблеми е секогаш кога ќе ја започнете оваа приказна и еве сега додека и ние стоиме тука има некој којшто најверојатно ќе рече дека неможе баш тоа така. Но, еве да најдеме начин како може и да може ова максимално да се поедностави, а од друга страна мора да водиме сметка за контролата, која мора да биде одредена врста на контрола, пред се заради илегалната миграција, шверцот и се останато, вели Дачиќ.

Посочи дека и двајцата ќе бараат решенија за поедноставување и побрз проток на патници и стока. На новинарско прашање дека на границата функционара „one stop shop“, но не на посакуваното ниво, министерот за внатрешни работи, Дачиќ вели дека овој систем е направен да има само едно застанување.

-Затоа треба да согледаме за се што вие зборувате за граничните премини, да видиме тоа на кој начин функционира и да ги најдеме најдобрите практични решенија. Значи во полицијата нема политика. Тука еве сега е конкретно, како да соработуваме на овој план, изјави Дачиќ.

Што се однесува за граничниот премин Миратовец – Лојане, кој е обзебедуван од страна на војската 24/7, Тошковски вели дека секоја една тема којашто е од значење на македонските граѓани, како и за граѓаните на Република Србија заслужува во најмала рака да биде разговарано. Инаку Тошковски од денеска ќе биде во работна посета на Република Србија, а ќе оствари средба со премиерот на Република Србија.

Реал и Менди се договорија за соработка до 2027 година

 Ферланд Менди и Реал Мадрид се согласија за нов договор. Дваесет и деветгодишниот дефанзивец ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб до 2027 година со опција за продолжување на уште една година, пренесува „Marca“.

Една од главните точки на договорот е бројот на натпревари што ги игра фудбалер во секоја сезона. Од ова зависи и финансиската компонента на зделката.

Минатата сезона, Ферланд Менди забележа 23 настапи во Ла Лига и 37 настапи вклучувајќи ги сите натпреварувања.

Фудбалерот игра за Мадрид од 2019 година.

притисни ентер