3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветВидео:Руски авион се запали при слетување во Анталија–сите патници евакуираниМоторот на руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, Јужна Турција, соопшти турското Министерство за транспорт.Според информациите од Министерството кои ги пренесуваат денеска турските медиуми, слетувањата на аеродромот биле прекинати до 03:00 часот по локално време (01:00 часот по македонско време), додека надлежните не го отстраниле авионот од пистата. Пилотот испратил итен повик веднаш по слетувањето во 21:34 часот по локално време, а спасувачките и противпожарните екипи брзо го изгаснале огнот, стои во соопштението од Министерството. Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот биле безбедно евакуирани од патничкиот авион „Сухој Суперџет 100“ на авиокомпанијата „Азимут ерлајнс“, кој летал од рускиот црноморски град Сочи, соопштија од Министерството. Од авиокомпанијата изјавиле дека авионот направил грубо слетување поради лоши временски услови и силни ветрови. Руската Федерална агенција за авијација „Росавијација“ соопшти дека го истражува инцидентот. Според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“, авионот е стар седум години. Русија се соочува со недостиг од авиони поради западните санкции воведени заради инвазијата на Украина во 2022 година. Генералниот конзулат на Руската Федерација во Анталија соопшти дека, во соработка со турските власти, „Росавијација“ и „Азимут ерлајнс“ подготвиле план за помош на патниците од летот А45051. Дел од руските патници безбедно го напуштиле аеродромот, а останатите чекале да си го земат багажот. Fire Panic on Russian Plane at Antalya Airport! 🔥✈️ A Sukhoi Superjet 100 type passenger plane belonging to the Russian airline Azimuth encountered a serious accident during its landing at Antalya Airport. It was reported that the plane leaked fuel as a result of its left engine… pic.twitter.com/s86v16jHpC — AirportIST (@AirportIST) November 24, 2024 Патниците кои требало да се вратат во Русија со повратен лет биле сместени во хотел додека пристигне резервниот лет, соопшти Генералниот конзулат, пренесува ТАСС. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника. Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор. Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење. 60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook