Гордон Ремзи ги налути соседите со однесувањето во изолација, повикале и полиција - Канал 5

Гордон Ремзи ги налути соседите со однесувањето во изолација, повикале и полиција

Познатиот телевизиски готвач Гордон Рамзи не ги почитувал мерките за изолација и повеќепати бил предупредуван од полицијата , а се пожалиле и соседите.

Гордон Ремзи ги налути соседите со однесувањето во изолација, повикале и полиција

"Го видовме неколку пати на многу различни места. Немавме друг избор освен да го пријавиме. Му реков дека секој знае кој е и дека е смешно што не ги следи правилата и наредбите. Тој мора да се однесува како другите и да остане во затворено"вели вработен во крајбрежната стража во изјава за The Sun.

Мештаните велат дека готвачот двапати отишол во куќата за одмор оддалечена на околу 40 километри, каде што живее неговата ќерка Холи.

Минатиот викенд, Рамзи скоро предизвика сообраќајна несреќа, минувајќи низ црвено светло за време на возењето долго 26 километри. Тој тогаш го посетил и својот втор дом за одмор во Рок. Ремзи предизвика уште поголем револт во средата објавувајќи видео на социјалните мрежи во кое ги повикува фановите да останат дома.

"Тој е надвор цело време. Оди на риболов и во набавки по продукти цело време за да купи храна за секојдневните скари. Не ги почитува правилата. Животот до него е како да живеете покрај зоолошката градина. После 5 часот попладне, станува неверојатно гласно", вели еден од соседите.

Портпаролот на Рамзи одби да ги коментира овие изјави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев.

Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец.

Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Честит 8 Септември

Денот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 

Гаши: Честит 8 Септември

35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата.

Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме.

Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата.

Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел.

На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“

Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации.

Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија!

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер