Гордана Силјановска Давкова: Има многу причини за поинаков резултат на претседателските избори

 Гордана Силјановска Давкова, гостинка на Само Интервју.

Пендаровски не го користи институтот „обраќање“, а претседател е тој што треба да персонифицира единство на нацијата.

Како е можно како претседател да не ставите вето на оној катастрофален закон за измените на КЗ?

На минатите претседателски избори Блерим Река остави печат, не ми е проблем да има кандидат Албанец, но кој е кандидатот?

Нашиот спас лежи во досадна граѓанска држава од типот на европските држави.

Преодните влади по природа се непартиски кои гарантираат демократски избори.

Двајца од тројцата пациенти повредени во Нови Сад се свесни, но се уште се во тешка состојба

Двајца од тројцата пациенти повредени во Нови Сад откако се урна бетонска настрешница на железничката станица се свесни, но се уште се во тешка состојба.

Двајца од тројцата пациенти кои се тешко повредени како последица од уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов за српски медиуми.

„Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов.

Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се големи.

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии.

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии - Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на закоотн за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во прво читање и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет е една точка на дневен ред - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, во прво читање.

САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони

 Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си.

Авионите на „ЏетБлу“, „Спирит“ и „Американ Ерлајнс“ беа погодени со куршуми во понеделникот при пристигнувањето во главниот град Порт-о-Пренс.

Во нападот на авионот на „Спирит“ стјуардесата се здобила со полесни повреди, но нема повредени патници.

Федералната управа за авијација (ФАА) вчера издаде известување за воздушните мисии (Нотам) за приземјување на летовите поради „ризиците за безбедноста на летовите поврзани со континуираната безбедносна нестабилност“.

На американските авиони во моментов им е забрането да минуваат помалку од 3.048 метри од територијата и воздушниот простор на Хаити.

Одделно, ФБИ објави дека се вклучил во истрагата за пукањето на авионот „Спирит“.

притисни ентер