КултураГордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на ФранцијаМузичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ за нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија и на македонската уметност надвор од земјата, како и за поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот придонес во ширењето на француската култура и уметност. - Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на Јосифова Неделковска, посебно во областа на уметноста, и збогатувањето на вредностите во делот на културата. Со ова одликување Франција сака да ѝ покаже колку ја почитува нејзината работа и придонесот во промоцијата на француската култура, изјави амбасадорката Оер. Одликувањето „Витез на уметноста и книжевноста“ , кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција. Во присуство на амбасадори, директори на голем број културни институции, уметници, пријатели и семејството, Јосифова Неделковска се заблагодари за честа да биде носител на ова мошне угледно признание на Француската Република. - Особена чест ми претставува тоа што моите долгогодишни заложби и постигнати резултати биле препознаени и вреднувани од страна на Министерството за култура на Република Франција, а по иницијатива на амбасадорката на Република Франција во Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер. Да се доживее ова е повеќе од привилегија, за што сум бескрајно благодарна, но истовремено ова ми дава толку возвишено чувство, што го чувствувам и доживувам како подарок од Бога. Ова признание ме прави бескрајно среќна, но уште повеќе ме задолжува во моите понатамошни вложувања, рече Јосифова Неделковска. Успехот, според Јосифова Неделковска, е тимска работа на истомисленици, креативци, луѓе предадени на работата, кои веруваат дека најголемата доблест е да се работи за општо добро. - Јас имам привилегија да работам токму со такви колеги, и токму заради ова институциите во кои што делувам се впишуваат во листата на успешните. Затоа оваа голема награда , пред се, на фестивалот Охридско Лето, Факултетот за музичка уметност - Скопје, ова е награда за Македонија, нагласи селекторката на Охридско лето, која е и декан на Факултетот за музичка уметност и врвен обоист. Таа наградата ја посвети на музиката, која според неа, има моќ да го менува светот. На церемонијата на доделување на орденот Витез, во резиденцијата на француската амбасадорка присутни беа директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Најпрестижниот фестивал во Македонија, Охридско лето, во рамките на фестивалската програма во соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и Охридска банка АД Скопје - Societe Generale Group, традиционално организира „Француска вечер“ со концерти на врвните уметници од Франција. Одликувањето Витез од редот на уметности и книжевност се доделува од 1957 година и е едно од најпрестижните одликувања во оваа сфера. Одликувањето се доделува секоја година и го добиваат заслужни професионалци во Франција и исклучителни личности надвор од Франција. Во минатото одликувањето се доделувало само на француски државјани, а во поново време членови на Редот на уметноста можат да бидат и странски државјани. Меѓу носителите ан одличјето се и Кејт Бланшет, Џорџ Клуни, Шакира, Роберт Редфорд, Пол Остер и други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
АвтомобилизамНајчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинакуКонцептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија. За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер. Теренец и пикап во едно Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам. Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење. Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност. Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел. Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила. Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови. Враќање на името Мултипла Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници. Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите. Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта. Должината на овој модел беше компактна 399,4 см. Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап. Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз. Извор: Б92Тагови: Мултипла фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и БолсонароКандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето. Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо. Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите. Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал. Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти. Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти. Извор: Б92Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05