Горбок: Не одигравме според договорот, но најважно е што победивме - Канал 5

Горбок: Не одигравме според договорот, но најважно е што победивме

Рускиот ракометар во тимот на Вардар за синоќешната победа против Нексе рече дека е остварена со игра која во целост не ги исполни задачите од тренерот, но сепак важно е што се задржа победничкиот ритам пред почетокот на Лигата на шампионите.

Горбок: Не одигравме според договорот, но најважно е што победивме
- Беше добар натпревар. Не направивме се што ни кажа тренерот. Грешевме многуво нападот со што му овозомживме на Нексе контранапади. Беше тежок меч и затоа важно е што победивме, изјави Горбок.

Тренерот Раул Гонзалес кажа дека решавачка била одбраната во првото полувреме, кога излезе Тимур Дибиров напред во зоната 5-1 и го збуни противникот.

- Нексе одигра многу добар натпревар,а нам ни беше многу тешко. Во првото полувреме имавме проблеми во нападот, губевме многу топки и примивме многу голови од контри. Кон крајот ја подобривме одбраната, со Тимур во 5-1, почнавме да трчаме многу и тоа беше добро. Во вториот дел направивме седум гола разлика, но потоа тренерот на Нексе направи 5-1 зона, го неутрализира Карачиќ и не знаевме како да играме, беше многу тешко. Мораме да се поправиме, зашто разликата ја загубивме за многу бргу време. Нексе одигра одлично, рече Раул.

Вардар синоќа го совлада Нексе од хрватска со 31:28 и со максимални три победи е на врвот на табелата во СЕХА лигата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.

При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски.

Како еден премиер да брка и да затвора?

Како еден премиер да гони?

Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски.

Тој повеќе ниту се крие.

Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака.

Премиерот не е обвинител.

Премиерот не е судија.

Премиерот не е полициски инспектор.

Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат.

Тоа значи само едно:

Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола.

Правдата е селективна.

Институциите се инструмент на политичка волја.

Кога сакаат – гонат.

Кога сакаат – се оградуваат.

Кога сакаат – пуштаат, затвораат.

Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа.

СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Премиерот не смее да гони и да апси.

Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер