Горан Марковиќ на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ - Канал 5

Горан Марковиќ на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Познатиот филмски и театарски режисер Горан Марковиќ ќе гостува во Македонскиот народен театар на вечерашната изведба на „Говорна мана“. Тој е автор на текстот на оваа претстава која МНТ премиерно ја изведе минатата година во режија на Драгана Милошевска-Попова.

Горан Марковиќ на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ
Марковиќ (Белград 1946) е филмски и театарски режисер, сценарист, есеист и писател, син на двајца познати актери, Оливера и Раде Марковиќ. Студирал на филмската академија ФАМУ во Прага, на отсек режија, каде завршил 1970 и почнал да работи на телевизиски документарни филмови.

Професор е по режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режисер е на филмовите: „Специјално воспитување“ (1977), „Национална класа“ (1979), „Вариола вера“ (1982), „Тајванска канаста“ (1985), „Веќе видено“ (1987), „Тито и јас“ (1992), „Урнебесна трагедија“ (1995), „Србија, година нулта“ – документарен филм (2001), „Кордон“ (2002), „Турнеја“ (2008), „Фалсификатор“ (2012)...

Добитник е на повеќе од триесет награди за своето богато филмско и театарско творештво. Автор е на три книги: „Чешката школа не постои“, „Мали тајни“ и „Три приказни за самоубијците“, на краткиот роман „Тито и јас“ и дневничката проза „Една година“. Драмски автор е на „Мали тајни“, „Делириум тременс“, „Вила Сашино“, „Мајстори, мајстори“, „Говорна мана“.

Неговиот текст „Говорна мана“ се занимава со проблемот на театарот и театарските луѓе, а преку театарот и со целото општество. Текстот е напишан и поставен првпат во Белград, во доцните 1990-ти. Текстот низ една трилер-ситуација на љубовен триаголник се занимава со врската меѓу политиката и уметноста, а и врските меѓу криминалот, бизнисот и политиката.

Приказната се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Актерот и професор по глума во приказната (Мишел Радински), кого во нашата претстава го игра Игор Џамбазов, се штити себеси затворајќи ги очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот.

Режисерката Милошевски-Попова по повод премиерата лани рече дека во текот на процесот размислувале дали треба да остане насловот „Говорна мана“ или да биде „говорна и други мани“.

- Затоа што се занимава со разноразни општествени теми, што се сублимирани како и во другите, пред се, филмови, но и во други текстови на Горан Марковиќ, кои влијаеле да се развијам и како човек, и како режисер. Приказната е сместена во театар и сите ликови се луѓе кои кажуваат реплики што нам ни се блиски и познати, рече режисерката.

Покрај Џамбазов, во „Говорна мана“ играат и Ивица Димитријевиќ и Сашка Димитровска, а на сцената се појавуваат и Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. септември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 4. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила.

Кариера

Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи.

Здравје и совет

Можно е да се напиете во поголемо друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност.

Кариера

Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво.

Кариера

Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста.

Здравје и совет

Опуштете се со убава музика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател.

Кариера

Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо.

Здравје и совет

Не се замарајте со ситници.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања.

Кариера

Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува.

Здравје и совет

Созревате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение.

Кариера

Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте.

Здравје и совет

Немојте да се напиете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат.

Кариера

Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред.

Здравје и совет

Минливо недоразбирање со роднините.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол.

Кариера

За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им.

Здравје и совет

Не претерувајте со пиењето.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна.

Кариера

Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат.

Здравје и совет

Мали емоционални фрустрации.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија.

Кариера

Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение.

Здравје и совет

Немојте да бидете тврдоглави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе.

Кариера

Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност.

Кариера

Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете.

Здравје и совет

Помогнете им на колегите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Боцевски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ивица Боцевски

Ивица Боцевски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Консумирањето на овие намирници помага во намалување на стресот и подобрување на расположението

Урамнотежената исхрана може да придонесе за подобро ментално здравје, подобар метаболизам, додека премногу преработена храна, шеќер и нездрави масти може да има спротивен ефект.

Консумирањето на овие намирници помага во намалување на стресот и подобрување на расположението

Врската помеѓу исхраната и расположението е поврзана со начинот на кој одредени хранливи материи влијаат на процесите во телото, вклучувајќи го и создавањето на невротрансмитери кои играат важна улога во регулирањето на расположението.

Посебно се издвојува медитеранската исхрана, која вклучува многу свеж зеленчук и овошје, риба, маслиново масло, јаткасти плодови и интегрални намирници. Таквиот начин на исхрана може да биде корисен за целокупното здравје, но и како дел од здравите животни навики кои ја поддржуваат менталната благосостојба.

Која храна може да биде добар избор?

За добро расположение, важно е да внесувате доволно витамини, минерали, здрави масти и аминокиселини. Меѓу намирниците што можат да бидат дел од балансирана исхрана, се издвојуваат следниве:

Банани - содржат калиум и триптофан, аминокиселина која учествува во создавањето на серотонин. Ананасот и сливите содржат слични хранливи материи.

Авокадо - е богато со здрави масти, витамин Б6, фолна киселина и триптофан.

Компирите и анасонот - можат да бидат дел од исхрана што ги обезбедува хранливите материи потребни за создавање на серотонин.

Спанаќот е добар извор на магнезиум, минерал кој игра важна улога во нормалното функционирање на нервниот систем. Магнезиумот се наоѓа и во мешунките, јаткастите плодови и интегралните житарки.

Сушено овошје - урмите и смоквите содржат магнезиум и други хранливи материи кои можат да бидат корисни како дел од балансирана исхрана.

Јајца - содржат протеини, аминокиселини и витамин Д, кои се важни за бројни процеси во телото.

Цвекло - е богато со фолна киселина, која учествува во бројни процеси важни за нормалното функционирање на телото.

Јогурт - може да придонесе за здравјето на цревниот микробиом, а сè повеќе внимание се посветува на врската помеѓу здравјето на цревата и менталната благосостојба.

Чили - Зачинетата храна може да го стимулира ослободувањето на ендорфини, супстанции кои се поврзани со чувството на задоволство.

Исто така е важно и доволното внесување витамин Д, кој може да се најде во храна како што се масна риба, јајца, тврди сирења и печурки.

Освен исхраната, врз расположението и менталното здравје влијаат и други животни навики. Редовната физичка активност, престојот на свеж воздух, квалитетниот сон и доволното одмарање можат да бидат важен дел од секојдневната грижа за менталното здравје. Затоа, најдобриот пристап е да се комбинира разновидна и балансирана исхрана со вежбање и други здрави навики.

Сепак, исхраната не може да го замени третманот за лечење депресија. Ако чувството на тага, летаргија, замор или губење на интерес трае долго време и значително влијае на секојдневниот живот, важно е да побарате стручна помош. Здравата исхрана може да биде дел од грижата за вашето здравје, но не треба да биде замена за соодветен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер