Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаГоран Антевски за Канал 5: „Јапонија е голем пријател на Македонија, 35 години соработуваме“Поминаа точно 35 години од основањето на Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка, јубилејот се одбележува во сабота со свечена седница, поради тоа наш гостин е Горан Антевски.Член на извршниот одбор на Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка и претседател на АОТС Македонија и АОТС Европа, Горан Антевски по повод одбележувањето на 35 години од постоењето на ова друштво, беше гостин во утринската емисија на телевизија Канал 5,и ексклузивно одговори на неколку прашања за нашиот портал. Фото: Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка Скромен почеток, а потоа дочекаа 35 години Не заинтересира како дошло до идејата за формирање на вакво друштво, а Горан ни објасни дека почетоците биле навистина скромни. - Формирањето на Друштвото за македонско-јапонско пријателство на 26 Април 1990 година пред точно 35 години произлезе од искрена желба да се изградат мостови на разбирање, културна размена и соработка меѓу Македонија и Јапонија. Во тоа време, вакви иницијативи беа ретки, но група ентузијасти, интелектуалци, спортисти и пријатели на јапонската култура препознаа потенцијал за создавање платформа што ќе ги поврзе двата народа. Почетоците се скромни, но полни со ентузијазам – организиравме предавања, мали изложби, јазични курсеви, и од таму сè почна да се развива. Подоцна друштвото активно учествува во започнување на дипломатската активност помеѓу Македонија и Јапонија, и до ден денес е еден од чинителите на зближување и добра соработка помеѓу двете држави. Како прв претседател е избран Коста Балабанов кои многу години успешно го водеше друштвото, а воедно и беше почесен конзул на Јапонија во Македонија - ни рече Антевски. Фото: Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка Првите проекти на ова здружение се покажале како многу успешни, а интересот на јавноста бил голем и покрај скромните ресурси. - Првите проекти беа насочени кон запознавање на македонската јавност со богатата јапонска култура. Организирани се јазични курсеви за учење на Јапонскиот јазик, проекции на јапонски филмови, работилници за оригами и калиграфија, како и на изложби на традиционални јапонски предмети , слики , бонсаи и др. Иако ресурсите беа ограничени, интересот беше голем. Секоја активност будеше љубопитност и почит, што дополнително ја засили нашата мотивација да продолжиме и развиваме активноста на ова друштво- изјави тој за сајтот на Канал 5. Со помош на ова друштво, многу деца научија јазик и отидоа да студираат во Јапонија Не’ интересираше и колку проекти успешно се реализирани благодарение на Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка. - Во изминатите 35 години реализиравме повеќе проекти, од мали културни настани до големи едукативни иницијативи. Многу од нив беа во соработка со јапонската амбасада, универзитети, НВО-секторот и локални институции. Особено сме горди на 5 годишното училиште за учење на јапонскиот јазик низ кое поминаа многу ученици од кој дел го продолжија своето студирање во Јапонија, организирање на изложбите, работилниците за оригами и јапонската уметност, како и долгогодишното издавање на весникот АКЕБОНО – Мугри кое се издаваше во над 2.000 примероци. Денес го активираме и првото дигитално издание на обновеното Акебоно и се надеваме дека ќе го зголемиме интересот кон Јапонската култура и традиција- одговори Антевски Фото: Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка „Јапонија е долгогодишен пријател на Македонија“ - Јапонија е долгогодишен пријател на Македонија и е една од земјите кои најмногу имаат вложено финансиски средства за помош на Македонија и тоа повеќе од 700 милиона евра во изминатите години, најповеќе во инфраструктурни, но и во културни и спортски проекти во кој нашето друштво активно учествува. Таа помага во неколку насоки – културна дипломатија, едукација, и хуманитарни донаци, благодарение на Јапонија, многу основни училишта, здравствени установи и локални заедници добија поддршка, било во форма на опрема, обука или финансиска помош. Но можеби највредна е нематеријалната помош – инспирацијата од јапонските вредности: дисциплина, иновација, почит и одржлив развој- изјави то тој за нашиот портал. Фото: Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка Знаеме дека за една ваква организација е многу важна и поддршката од институциите, па го запрашавме господинот Антевски каква поддршка добива од нашите – државни институции. - Организацијата е активна највеќе благодарение на нас ентузијастите кои имале и имаат соработка со Јапонија, секако со голема помош и на јапонската Влада и Амбасада, како и македонските компании кои имаат соработка со Јапонија. Поддршката од домашните институции е присутна, иако секогаш има простор за унапредување. Министерството за култура, Министерството за образование и општините со кои соработуваме често покажуваат интерес и поддршка, особено кога станува збор за културни манифестации и едукативни програми - изјави тој и додаде дека верува дека со заеднички напори може уште повеќе да се продлабочи соработката. И за крај, потврди нам сè она што сме и очекувале од една ваква успешна организација, а тоа е поглед во иднината која е позитивна и полна со нови можности и идеи. - Нашите идни цели се амбициозни, но реални. Планираме да ја зголемиме видливоста на јапонската култура во Македонија, да иницираме повеќе програми за млади и размена на знаење, како и да продолжиме да посредуваме во проекти што носат конкретни придобивки за нашата заедница. Би сакале да воспоставиме и посистемска соработка со јапонски универзитети и бизниси, што би можело да донесе нови можности за образовна и економска соработка- заклучи Горан Антевски." Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени Времето утре ќе биде утрото ведро и студено, а преку денот променливо облачно, соопшти УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА -1 Попова Шапка, Крушево, 1 Маврови Анови, 2 Лазарополе, 4 Берово, Прилеп, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Тетово, Штип, 7 Виница, 8 Претор, Зајчев Рид, Велес, Охрид, Кавадарци, 9 Скопје Петровец, Демир Капија, 10 Струмица, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде ведро и постудено. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до РотердамРуте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време. Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите. „Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време. За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија. „Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО. Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво. NATO's Rutte: What I would counsel against is to have all the nations having their own military working together in NATO, and then on top of that having a big European structure. Because then, if Putin attacks, we will first need two or three weeks to agree who will do what, and then he will probably end up in Rotterdam before we have decided. There is no principal problem against a European military. But again, I don't see it happening soon. I don't think there is a big push for it. — Clash Report (@clashreport) November 23, 2026 Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00