ТехнологијаGoogle гради два нови центри во Германија, ќе вложи милијарда евраТехнолошкиот гигант Гугл објави дека планира да инвестира една милијарда евра во изградба на два нови центри за податоци во Германија, со цел да ја зајакнат својата позиција на пазарот и да избегнат регулаторни и правни проблеми.Центарот за податоци во Ханау ќе биде само 20 километри оддалечен од најголемиот интернет центар во светот, DE-CIX, изјави Филип Јустус, раководител на Гугл за Централна Европа. Четирикатната зграда со корисна површина од околу 10.000 квадратни метри ќе стане целосно оперативна следната година, додаде тој. Паралелно, Google ќе воспостави нов регион за клауд во Берлин-Бранденбург, иако не прецизирале каде ќе се наоѓа новиот центар за податоци. Главната цел на клауд областите на Google е да ги доближат услугите на компанијата до клиентите, а брзината на пренос на податоци ќе биде значително подобрена во споредба со онаа преку Атлантикот. Употребата на центрите за податоци во Соединетите држави, исто така, може да предизвика правни и регулаторни проблеми кога станува збор за услугите за европските корисници. Како дел од таа инвестиција, американскиот интернет гигант исто така планира да ја зголеми количината на електрична енергија добиена од обновливи извори за потребите за снабдување на новите центри за податоци, кои трошат многу електрична енергија. Нејзиниот локален енергетски партнер Енџи Дојчланд во следните години ќе ја снабдува германската електрична мрежа со повеќе од 140 мегавати електрична енергија од сончева и ветерна енергија, соопшти Гугл. Планот ќе бара изградба на нова фотоволтаична електрана со капацитет од 39 мегавати и 22 фарми со ветерници, така што од 2022 година, во секој момент, околу 80 проценти од енергијата што се доставува до инфраструктурата на Гугл ќе доаѓа од извори без јаглерод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење Четврто издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“: Општина Центар со ексклузивна поддршка за македонската музичка сцена по повод 50 години постоење.Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј - 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина што преку овој настан недвосмислено ја застапува и поддржува домашната култура, ангажирајќи исклучиво македонски уметници и музички изведувачи. Преку оваа традиција во фокус остануваат промоцијата и поддршката на македонската музичка сцена и домашниот автентичен звук. Годинава на настанот ќе учествуваат гигантите на домашната урбана сцена. Публиката ќе има ретка можност да ужива во ексклузивниот скопски настап на популарното дуо „Дупер“, а енергијата до максимум ќе ја издигнат Слаткар, еден од највлијателните хип-хоп артисти на нашите простори, како и хитмејкерите 2 Бона. Покрај нив, сцената ќе ја збогатат и извонредните вокали Лина Пејовска и Барбара Поповиќ. Диригентската палка на целовечерната програма ќе биде во рацете на омилениот и незаменлив македонски актер Сашко Коцев. Со својот препознатлив хумор, непосредност и уникатен шарм, Коцев ќе се погрижи за атмосферата меѓу настапите и ќе ја води публиката низ сите изненадувања на оваа јубилејна вечер. „Овој хепенинг е подарок за сите жители на Центар и Скопје - вечер посветена на заедништвото, позитивната енергија и поддршката на нашите музички таленти“, вели градоначалникот Горан Герасимовски. Со „Нешто што ќе остане“ ќе се забавуваат сите генерации. Ве покануваме заедно да го прославиме овој важен јубилеј и да создадеме уште една вечер што ќе се памети!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдо му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот таткоГолеми ривали, но и големи луѓе. Двете големи фудбалски ѕвезди кои со своето ривалство на зелениот терен ги одбележаа последните 15 години во светскиот фудбал Португалецот Кристијано Роналдо и аргентинскиот волшебник Лионел Меси покажаа дека нивното ривалството е само на теренот не и во приватниот живот. Португалецот Кристијано Роналдо упати сочувство до Лионел Меси и неговото семејство. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, испратил порака за поддршка до Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе. Најважниот човек во животот на аргентинскиот волшебник почина на 69-годишна возраст, по борба со тешка болест. Ситуацијата за семејството Меси била многу тешка уште за време на Светското првенство, а трагичната вест пристигнала овој викедн во саботата. Сочувство до Лионел пристигнуваа од сите страни, а посебно внимание привлече емотивната порака од Кристијано Роналдо, со кого водеше големи битки на теренот, како и трката за титулата „најдобар на сите времиња“ (GOAT), која ја подели фудбалската јавност. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овој тежок момент, Лео. Остани силен“, му порача Роналдо на Меси.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени? Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата? Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк. Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири. Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка. За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter