Гонзалес очекува подобра игра во одбрана - Канал 5

Гонзалес очекува подобра игра во одбрана

По натпреварот Вардар – ППД Загреб, во рамките од СЕХА Газпром лигата што заврши со победа на „црвено-црните" со 32:31, двата тренери на прес конференцијата ги кажаа своите размислувања за она што се случуваше.

Гонзалес очекува подобра игра во одбрана
Предводникот на Вардар, Раул Гонзалес изјави дека одбраната на неговиот тим мора да се подобри.

- Натпреварот беше тежок, а резултатот беше тесен. Ние напаѓавме добро во прво полувреме, но во одбраната имавме големи проблеми. Во вториот дел исто така имавме потешкотии во одбраната, затоа беше неизвесно имавме еден-два гола разлика. Се истрошивме на натпреварот против Веспрем, тренираме напорно и треба да видиме и да се подготвиме за тоа што ни претстои во ЛШ.

Веселин Вујовиќ, тренерот на ППД Загреб го призна поразот.

- Му честитам на Вардар за заслужената победа. Во текот на целиот натпревар ја контролираа играта и резултатот, а ние секогаш бевме чекор два зад нив. Долга е сезоната ќе одиграме уште многу натпревари меѓусебно, и се надевам дека ќе се поправиме во понатамошните дуели. Со резултатот не сум задоволен, но со играта делумно. Им посакувам се најдобро на Вардар оваа сезона, рече Вујовиќ.

На табелата во СЕХА Вардар е лидер со три победи и еден нерешен резултат, Загреб има една победа и еден пораз досега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора го менува Уставот

Без да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.

Црна Гора го менува Уставот

Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата.

Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон.

„Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер