Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
2Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
РакометГонзалес: Цеље е во форма, ама Вардар мора да победиМакедонскиот ракометен вицепрвак в сабота против Цеље ќе се обиде да се врати на победничките патеките во Лигата на шампионите по двата пораза од Веспрем. Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес очекува многу тежок дуел со словенечкиот претставник.- Не очекува многу важен натпревар против силна екипа која е во одлична форма. Веспрем е во одлична позиција во битката за првото место, но ние ќе дадеме се од себе за што подобар пласман во групата, а предуслов за тоа е да го добиеме Цеље и другите домашни натпревари до крајот на оваа група составена од многу квалитетни, рече тренерот на Вардар на денешната прес-конференција. Гонзалес клучот во успехот го гледа во спречување на контранападите на Цеље и секако поефикасна игра во нападот. - Тие играат одлична одбрана, имаат извонреден среден бек што го разигрува целиот тим, така што ќе мораме да одиграме исклучително добро за да го оствариме посакуваниот резултат, нагласи шпанскиот стручњак. Десното крило на Вардар, Матијаж Брумен вели дека неговата екипа и покрај проблемите со повредени играчи е способна да ги освои двата бода. - Со поддршка од навивачите и максимално залагање можеме да го победиме тимот кој што е во супер форма и во последно време игра одлично. Знам дека мора да победиме, изјави Брумен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран. САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи. Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник. САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16