Голманот на Косово на вулгарен начин одговори на скандирањето „Косово е Србија“ (ВИДЕО) - Канал 5

Голманот на Косово на вулгарен начин одговори на скандирањето „Косово е Србија“ (ВИДЕО)

Големи инциденти го одбележа натпреварот помеѓу Романија и Косово кој се одигра во Букурешт во квалификациите за ЕП.

Голманот на Косово на вулгарен начин одговори на скандирањето „Косово е Србија“ (ВИДЕО)

Домаќините победија со 2:0, но дури откако натпреварот продолжи по пауза од 45 минути. Тоа се случи бидејќи косовските фудбалери демонстративно го напуштија теренот револтирани од навредите и омаловажувањата на романските навивачи.

Тие закачија транспарент „Косово е Србија“ зад јужниот гол, на трибината на ултрашите, а при интонирањето на химната на гостите извикуваа: „Србија, Србија!“ Потоа од почетокот на мечот постојано викаа: „Косово е Србија!“ Во 22. минута на косовските фудбалери им беше доста од тоа, па го напуштија теренот иронично аплаудирајќи им на романските навивачи.

Притоа, официјалниот спикер преку разглас извика: „Ве молам престанете да го скандирате името на нашиот сосед! (Србија, оп.а.) УЕФА не толерира ревизионизам! Ова е последно предупредување!“ Ова го повтори неколку пати, но романските ултраши не го послушаа. Потоа го испроба ова: "Ве молам престанете да го пеете името на нашиот сосед! Вложуваме големи напори да ја одржиме играта. Ако продолжите да го пеете тоа, дефинитивно ќе има прекин!"

Натпреварот продолжи по паузата од 45 минути, но со нов инцидент. Фудбалерите на Романија и Косово се судрија токму пред локалните ултраши. Секако, тие веднаш продолжија со скандирањето „Косово е Србија“. Најавувачот одговори: "Не паѓајте на провокации! Не го пејте тоа што го пеевте пред малку!"

Откако натпреварот конечно заврши, романските специјалци ги опколија ултрашите кои со транспарент и овации објавија дека Косово е дел од Србија и ги идентификуваа.

Самир Ујкани, голманот на Косово кој до пред девет години бранеше за Албанија, го напушти теренот и одговори на навредите и провокациите на романските навивачи. Поминувајќи под трибината на локалните ултраши, тој цинично се смееше додека ги гледаше и додека го правеше тоа, се фати за пенисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер