Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
2Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ТенисГолемо изненадување за Ѓоковиќ! Светот на тенисот го чекаше ова.Иако Федерер сè уште молчи, од Австралија пристигна голема вест и воопшто не е добра за Новак! Иако постоеше страв дека Швајцарецот нема да игра во Австралија поради повредата, што тој самиот го најави како можност, директорот на турнирот Крег Тили откри дека Швајцарецот ќе биде во ждрепката! Како и тоа дека се враќа по повредата поради која ја пропушти речиси целата претходна сезона по Австралија опен. Има многу одлични муабети за АО 2021. Серена се бори за осмата титула, додека Новак Ѓоковиќ, кој честопати изгледа непобедлив во паркот Мелбурн, оди на рекордната деветта титула. Најдобриот играч Ешли Барти се враќа на Грен слем, како и Роџер Федерер, кој се враќа после повредата. Доаѓаат и многу sвезди во подем, кои ќе бидат голем предизвик за секого. Ова ќе бидат неколку одлични недели на тенис во Мелбурн - рече Тили, кој, како што пренесува Телеграф, особено го потенцира задоволството што публиката ќе се врати на трибините во Мелбурн: -Со нетрпение чекам да ги пречекаме најдобрите играчи на светот во Мелбурн, а тоа ветува дека Австралија опен ќе биде спектакуларен, по една година пауза на ниво што никој од нас никогаш порано го нема доживеано. Иако АО ќе изгледа малку поразлично од претходните години, безбедноста на сите нас ни е приоритет. Имаме можност да изведеме многу безбеден и среќен Грен слем и да им дадеме на играчите искуство за натпревар пред публика, што го пропуштивме во поголем дел од оваа година. Федерер ќе биде 5-ти носител на турнирот во Австралија, што значи дека хипотетички може да се сретне со Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето, што беше редок случај во последната деценија, бидејќи нивните дуели најчесто ги гледавме во полуфиналето и финалето. Новак е прв носител, вториот е Рафаел Надал, трет е Доминик Тим, а четврти е Данил Медведев. Во топ 10 се и Стефанос Циципас, Александер Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство Три лица загинаа во пукотница што се случи вчера навечер на Исла Кристина на југот на Шпанија, а четвртото лице е во критична состојба.Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, пишува Euronews. Според локалните медиуми, мажот се возел со мотоцикл до семејната куќа во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени лица биле пронајдени на улица, а четвртото лице, кое било тешко повредено, било пренесено во болница. Истрагата е фокусирана на семејна одмазда Истражителите го поврзуваат случајот со конфликт меѓу две семејства што започнал во септември минатата година, кога еден маж бил убиен во Хуелва. Трите жртви од пукањето во неделата се поврзани со осомничениот за тоа убиство. Станува збор за неговата сестра, мајка и внук. Двете семејства оттогаш имаа неколку насилни судири, а едно пукање веќе е регистрирано во истата област во Исла Кристина. Затоа, главната претпоставка на полицијата е дека нападот бил чин на одмазда за тоа убиство. Цивилната гарда и локалната полиција во поширокото подрачје спроведуваат обемна потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство. На терен се распоредени силни полициски сили, а истрагата продолжува.Тагови: бремена Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСкандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата Куќа. Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина.Тагови: Даунинг стрит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter