Големите дупки во близина на Петриња се шират, геолозите збунети (ВИДЕО) - Канал 5

Големите дупки во близина на Петриња се шират, геолозите збунети (ВИДЕО)

Колку се длабоки дупките што се појавија во почвата во областа Банија во Хрватска по земјотресот - не е познато. Водата во нив е заматена, така што длабочината не може да се процени, ниту може да се измери затоа што е премногу опасно.

Големите дупки во близина на Петриња се шират, геолозите збунети (ВИДЕО)

Дупките се шират уште повеќе, па не е паметно да им се пристапува. Тие сè уште се зголемуваат. Експертите велат дека без детално истражување, ништо не може да се каже со сигурност.

Геолозите кои го прегледуваат теренот велат дека досега снимиле околу 30. Дупката во Меченчани се проширила за последните четири дена. Ова е видливо со голо око. Теренот го испитуваат геолозите и во тек е истражување.

Веројатно станува збор за прилив на течности богати со разни корозивни гасови од длабочините, што ја поттикнува корозијата на варовникот, објасни Твртко Корбар од Геолошкиот институт за Нова ТВ.

"Тоа е многу специфичен феномен за кој малку знаеме. Сме прочитале за тоа во научната и стручна литература, но самиот феномен во Меченчани, е геолошки неочекувана. Никој не може да знае што има на помалку од пет-шест метри под земја “, рече Корбар.

Последователните потреси исто така придонесуваат за проширување на дупките, а сеизмолозите повторуваат дека тие се чести. Областа Банија била погодена од повеќе од илјада земјотреси само во првите три дена.

„Последователните земјотреси се нешто што е сосема очекувано по еден ваков крајно разорен земјотрес. Тоа се земјотресите што се забележани и кои што моите колеги ги анализираат исклучително трпеливо, повтори шефот на сеизмолошката служба Инес Иванчиќ.

Геодетите од мерењата и сателитските снимки откриле дека целата област е буквално поместена - едниот дел на исток, а другиот на запад.

"Хоризонталните поместувања на површината имаа амплитуди од околу седумдесет сантиметри, триесет на едната страна, четириесет на другата, а вертикалните беа малку помали, неколку сантиметри. Секој земјотрес дополнително можеби ги помести за неколку сантиметри. Страшно е, но тоа е природен феномен. “, рече Корбар.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер