3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ФормулаГолема новина во Формула 1, се воведуваат „спринт трки“Раководството на Формула 1 донело одлука дека ќе се тестира нов формат на натпреварувањето на три трки оваа сезона, во кои ќе се вози една спринтерска трка наместо претходните класични квалификации.Две спринтерски трки ќе се одржат во Европа, а една надвор од нашиот континент, но сè уште не е објавено на кои патеки ќе возат. Претходните „нормални“ квалификации се возеа во петок по првиот слободен тренинг и одлучуваа за пласман во квалификациите за спринт. Спринт трката, која ќе биде долга над 100 километри, ќе се вози во сабота. Резултатите од спринтот, покрај одредувањето на почетните места за трката во недела, ќе му донесат и три бода на победникот, второпласираните ќе добијат два, а третиот ќе добие еден бод за СП. Целта на измените е да се зголеми интересот за натпреварувањето и да има повеќе настани за време на тркачкиот викенд. "Гледањето на трките сите три дена за време на тркачкиот викенд ќе биде возбудливо. Сигурен сум дека на возачите ќе им се допаднат дополнителните борби. Среќен сум што сите тимови се загреаа за новостите. Тоа е дел од планот што ќе им понуди на навивачите повеќе настани притоа почитувајќи ја нашата традиција. “, рече лидерот на Формула 1, Стефано Доменикали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСедлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпреварМакедонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски. Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена. „Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски. Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка. Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата. „Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу. Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција. „Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“ Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво. „Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ФудбалФранција со пресврт до убедлива победа над БелгијаНајдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации. Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1). На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња. По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови. На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во КумановоСо доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври. НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“. Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов, Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово. Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook