3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотГолема авиокомпанија по грешка продавала билети за прва класа со 95% попустАвиокомпанијата Катај Пацифик објави дека ќе ги приознае билетите за прва класа , кои некои среќници успеале да ги набават за многу ниска цена.Компанијата со седиште во Хонг Конг по грешка продала билети за првата класа на релација од Виетнам до Њујорк за 675 долари за повратен билет. Редовната цена на овие билети чини од 16 000 долари , па нагоре. Од компанијата потврдуваат дека станува збор за грешка , но ќе ги признаат билетите. Цените на евтините билети на 31 декември ги откриле блогери , кои пишуваат за патувања , по што катај Пацифик ги повлекол од продажба. Меѓу среќниците е и мак Џенерт од американската држава Милвоки , кој купил билет за прва класа од Бостон до Хонг Конг , а потоа за бизнис класа до Ханој и назад. Цената на целиот аранжман изнесувала 1220 долари. Вели дека од секогаш сонувал да патува со прва класа , но бидејќи работи како блогер во технолошка компанија , не можел да си дозволи таков луксуз. Тој пресметал дека летот по редовна цена би го чинел 18 000 доалри , а сега по грешка добил 95% попуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter