Голема акција за пошумување на територијата на општина Кисела Вода - Канал 5

Голема акција за пошумување на територијата на општина Кисела Вода

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода, во која учествуваат градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, генералниот извршен директор на ТИТАН Усје, Костас Николау.

Голема акција за пошумување  на територијата на општина Кисела Вода

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода, во која учествуваат градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, генералниот извршен директор на ТИТАН Усје, Костас Николау, како и вработени од општинската администрација, во компанијата и бројни граѓани. Активностите се одвиваат во паркот „Иднина“, во 13 урбани и месни заедници, како и во сите основни училишта на територијата на општината.

Во рамки на акцијата ќе бидат засадени околу 500 садници од зимзелени и други видови дрвја.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека пошумувањето е важен сегмент од долгорочната политика на Општина Кисела Вода, која се реализира плански и рамномерно на целата територија, со активно вклучување на училиштата и локалната заедница, а воедно упати и благодарност до компанијата што ја поддржа акцијата со донација на садниците.

-Пошумувањето не е само симболичен чин, туку јасна и долгорочна определба на Општина Кисела Вода. Со секое засадено дрвце вложуваме во поквалитетен јавен простор и подобри услови за живот за сегашните и идните генерации. Нашата стратегија е системска и опфаќа пошумување во сите населени места, како и активно вклучување на училиштата и граѓаните. Сакам да се заблагодарам на Цементарница ТИТАН Усје и на генералниот извршен директор Костас Николау за покажаната општествена одговорност. Соработката со компаниите е важен дел од пристапот со кој ја развиваме општината, а компаниите преку вакви активности покажуваат дека ја препознаваат својата улога во општеството-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер