ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
СветГолема афера ја тресе Украина- двајца министри поднесоа оставки поради корупција Во услови на голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки на барање на претседателот Володимир Зеленски.„Министрите ги поднесоа своите оставки во согласност со законот“, изјави премиерката Јулија Свириденко. Министерот за правда Херман Халушченко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук поднесоа оставки. Нивните замени сега мора да бидат одобрени од парламентот. Бирото за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) во понеделник објави дека го истражува енергетскиот сектор на земјата откако откри мрежа за поткуп од 100 милиони долари во државна нуклеарна централа. Зеленски коментира за случајот Истражителите на НАБУ ги претресоа домовите на министерот за правда Херман Халушченко, кој претходно го водеше Министерството за енергетика, и Тимур Миндич, ко-сопственик на студиото „Квартал 95“ и поранешен деловен партнер на Володимир Зеленски. Миндич ја напушти Украина кратко пред да избувне скандалот. Министерката за енергетика не е официјално именувана во истрагата, но се смета за блиска до нејзиниот претходник, објавија украинските медиуми. „Апсолутно е неприфатливо што во овие околности постојат одредени шеми и трикови во енергетскиот сектор, додека Украина се соочува со прекини на електричната енергија, руски напади и загуби“, рече Зеленски. Шефот на НАБУ: Разоткривме високо рангирана криминална организација Олександр Абакумов, раководител на Главниот истражен оддел на НАБУ, рече дека специјалната операција разоткрила високо рангирана криминална организација која работи во енергетскиот и одбранбениот сектор. Истрагата опфаќа случаи на корупција, перење пари и нелегално збогатување. Украинските антикорупциски власти претходно оваа недела објавија дека разбиле сложена корупциска шема во која биле вклучени 100 милиони долари (86 милиони евра) проневерени средства, предводена од Миндич, особено во националниот нуклеарен оператор Енергоатом.Тагови: украина оставки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter