Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
ЕвропаГолем украински напад на Москва: Во воздух одлета капак на огромен резервоар за нафта (ВИДЕО)На социјалните мрежи се појави ново видео од масовниот украински воздушен напад врз Москва утрово, кое го прикажува точниот момент кога украински дрон удира во московската рафинерија за нафта. Видеото го прикажува дронот како удира во еден од големите резервоари за гориво, предизвикувајќи експлозија, а металниот покрив на резервоарот лета неколку десетици метри во воздух под силата на притисокот. Ударот создаде голем облак од црн чад и пламен, а пожар избувна во индустрискиот комплекс во московскиот округ Капотња. Фотографијата направена веднаш по експлозијата покажува густ чад што се издига од периметарот на објектот и е видлив од неколку делови од градот. Втор напад врз истата рафинерија за три дена Ова е втор успешен напад врз московска рафинерија за нафта во последните три дена. Претходниот удар, извршен завчера, привремено го запре работењето на овој енергетски објект, а утринските удари дополнително ја комплицираат ситуацијата со снабдувањето во руската престолнина. Властите на градот Москва, предводени од градоначалникот Сергеј Собјанин, претходно утрово тврдеа дека руската воздушна одбрана успешно пресретнала и уништила 33 дронови што летале кон градот. Собјанин првично пријави само „мала штета“ од остатоците од беспилотното летало што паднаа врз трговскиот центар Садовод, но новите снимки од директни удари врз резервоари за нафта и станбени згради покажуваат многу поинаква слика на терен. Footage of a Ukrainian drone hitting on of the storage tanks at the oil refinery in Moscow, sending the lit flying several dozen meters into the air. Russia 🇷🇺 pic.twitter.com/Jsch0VC4Sn — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 18, 2026 Колапс на сообраќајот и затворање на воздушниот простор Поради масовното прелетување на украинските авиони и заканата од понатамошни напади, руските власти рано утрово воведоа итни ограничувања за летови. Меѓународните аеродроми Внуково, Шереметјево и Жуковски привремено ги суспендираа сите пристигнувања и заминувања, а десетици авиони беа пренасочени кон алтернативни писти надвор од Московскиот регион. Нападите врз нафтената инфраструктура се дел од пошироката украинска кампања за таргетирање на руските енергетски и логистички центри длабоко зад линиите на фронтот. Покрај Москва, рано утрово беше пријавен и посебен воздушен напад со беспилотни летала во Ростовскиот регион, каде што беше погодено и запалено и складиште за нафта во пограничниот град Гуково, при што загина едно лице, а беа повредени две лица, според локалниот гувернер.Тагови: москва нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за ситеОд почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581). Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани. „Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.Тагови: вакцина грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава „Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди? Судејќи според најновите објави на социјалните мрежи, се води „вистинска војна“ меѓу две од најбараните „ангели“ на „Викторијас сикрет“, а причината за тоа е поранешната НФЛ-ѕвезда Том Брејди.Манекенките Џоан Смолс и Кендис Свонпул моментално се во конфликт, а според информациите на социјалните мрежи, главна причина за нивната кавга е односот на Кендис со Том Брејди. Сè започнало минатата недела, кога порталот „Just Jared“ на Инстаграм објави вест дека двете супермодели веќе не се „следат“ меѓусебно на таа мрежа. Ова поттикна шпекулации дека тие не се во добри односи и дека зад сцената се случува нешто сериозно. Смолс набргу се вклучи во коментарите и, како што се чини, ги потврди сомнежите. Таа напиша само: „Два збора: ’Summer House‘! Тоа објаснува сè.“ Иако не појасни што точно значи оваа реченица, последната сезона од реалното шоу „Summer House“ го прикажа прекинот на пријателството помеѓу Аманда Батула и Кјара Милер. До кавгата дојде бидејќи Батула тајно започнала врска со поранешното момче на Милер, Вест Вилсон. И тука драмата не завршува... Смолс ја нарече Кендис „предавничка“ во нова бурна објава на Инстаграм. Еден корисник на Инстаграм ја праша познатата манекенка дали може да ја потврди информацијата дека таа и Кендис веќе не разговараат, на што Смолс кратко одговори: „Не се дружам со предавници“. Иако официјалната причина за конфликтот не е позната, коментарите се појавија истовремено со веста дека Кендис Сванепул е во врска со Том Брејди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook