3Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
ЕвропаГолем украински напад над Москва, погодена е и висококатница (ВИДЕО)На социјалните мрежи циркулира видео кое го прикажува точниот момент кога украински дрон удри во станбен облакодер во Москва.Видеото, снимено од локалните жители, го прикажува дронот како поминува и се урива во средината на масовниот воздушен напад врз руската престолнина утрово. На видеото прво се слуша гласен звук на моторот на дронот како лета ниско над станбена зона. Неколку секунди подоцна, дронот се урива со полна брзина директно во горните катови на станбениот облакодер. Следела експлозија проследена со пламен, по што од оштетената зграда почнал да се излева густ сив чад. A Ukrainian drone flies into what looks like a residential building in Moscow this morning. Fascist Russia’s capital is getting hammered this morning in a huge drone attack - an oil refinery in the SE of the city was hit again, and now huge plumes of dark smoke hang in the air. pic.twitter.com/hTmNj6aw2e — Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) June 18, 2026 Аеродромите блокирани и пожар во рафинерија За потсетување, насилен напад со дрон ја парализираше Москва утрово. Иако градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, тврдеше дека воздушната одбрана ги пресретнала и уништила сите 33 авиони и дека е забележана само „мала штета“, снимките од земјата ги потврдуваат ударите. HOLY SMOKES! Moscow right now 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/Oxz4pLHIwQ — Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) June 18, 2026 Утринава, украинските сили ја погодија московската рафинерија за нафта по втор пат за три дена, а воздушниот сообраќај на аеродромите Внуково, Шереметјево и Жуковски беше целосно прекинат и пренасочен поради заканата од понатамошни напади. Киев во последните месеци ја засили својата кампања на напади со долг дострел врз воената и енергетската инфраструктура длабоко на руска територија. Овие успешни напади доаѓаат и покрај тоа што Русија неодамна ги распореди своите најнапредни системи за воздушна одбрана „Панцир-СМД-Е“ на покривите на зградите во Москва. Денешните напади врз станбени и индустриски објекти јасно покажуваат дека овие вонредни мерки не успеаја целосно да го затворат воздушниот простор над главниот град.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика. На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните. Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај. Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат. Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите. Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетикаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем. Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите. Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри. „Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите. „Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката. Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата. Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаМанасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваатФилипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото. Почитувани, Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео. Почитувани, За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео. Почитувани граѓани, Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter